На почетокот на јули државната корпорација „Ростех“ пред новинарите во Москва ја претстави новата мамка Л376-2 „Јагел“ („Ягель“), која ги штити борбените авиони од непријателски проектили.
„Благодарение на новите мамки комбинирани со напредните средства за електронско војување и тактичките маневри, значително е помала веројатноста борбениот авион да биде погоден со противвоздухопловна или воздухопловна ракета (класа „воздух-воздух“, заб. на прев.) со оптички систем за наведување и кинематички избор на цел. Во споредба со еквивалентните модели од странско производство, овој производ има двојно подобри показатели кога станува збор за работниот век, јачината на сигналот и степенот на заштита на авионот. Неколку странски партнери веќе изразија интерес за овој проект“, рекоа од „Ростех“.
Полнењето со мамец го конструираа стручњаците од Научноистражувачкиот институт за применета хемија, кој припаѓа на холдингот на „Ростех“ „Технодинамика“. „Јагел“ се користи на висини до 20000 метри и развива брзина од 1500 км/ч.
„Производот двојно поефикасно ги штити авионите од проектили со оптички систем за наведување. Касетата е направена во калибар од 50 мм и може да се користи во разни заштитни системи“, изјави претставник на компанијата.
Како што беше објаснето од информативната служба, авионот во опасност ги истрелува овие мамки кои ги дезориентираат системите за наведување и ги одвлекуваат непријателските ракети настрана.
„Јагел“ се испушта во правец на движењето на авионот и со тоа ја „збунува“ наведуваната „паметна“ непријателска ракета во завршната фаза на наведувањето. Пилотот може да испушта по една мамка или сите мамки во еден „плотун“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче