Ласери во орбитата:Рускиот нуклеарен вселенски тегнач „Зевс“ би можел да стане интегрален дел на ПВО

Тим научници на конструкторското биро „Арсенал“ реализираше научно-истражувачка работа чија цел беше да се испита можноста платформата на вселенски тегнач со помош на електромагнетно зрачење да влијае на радиоелектронските средства за контрола, извидување, комуникација и системи за навигација, преку насочен пренос на енергија со ласерско зрачење. Вакви можности нуди вселенскиот тегнач „Зевс“ со ласерски уред со мегаватна моќност.

Перспективниот руски вселенски тегнач „Зевс“ има можност да добие ласерско оружје, способно да ги онеспособи непријателските сателити, пренесува РИА „Новости“ повикувајќи се на материјали на конструкторското биро „Арсенал“.

Се напоменува дека во временскиот период 2018-2019 година тим научници на ова конструкторско биро реализираше научно-истражувачка работа чија цел беше „со помош на електромагнетно зрачење да се влијае на радиоелектронските средства за контрола, извидување, комуникација и системи за навигација, преку насочен пренос на енергија со ласерско зрачење“, пренесува веб-порталот лента.ру.

Повикувајќи се на материјалите на истражувачкиот центар „Келдиш“, оваа група научници во мај оваа година дошла до заклучок дека нуклеарниот вселенски тегнач „Зевс“ со ласерски уред со мегаватна моќност би можел да се користи во рускиот систем за противвоздухопловна одбрана.

Во октомври 2020 година, дописниот член на Руската академија за космонаутика „Циолковски“ Андреј Јанин рече дека Русија би можела да ги достигне САД во лунарната програма доколку изгради нуклеарен вселенски тегнач.

Во септември истата година извршниот директор на „Роскосмос“ за перспективни програми и наука Александар Блашенко изјави дека „Роскосмос“ планира до крајот на оваа година да потпише договор кој вклучува развој на нуклеарен вселенски тегнач „Нуклон“, кој во 2030 година би бил лансиран кон еден од сателитите на Јупитер.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња