„Научниците од Самарскиот национален истражувачки универзитет „Академик С. Корољов“ во текот на процесот на селекција успеаја да одгледаат две нови сорти ореви кои имаат специфични особини: можат да ги поднесат неповолните временски услови на Средното Поволжје, а нивната лушпа е толку тенка, што повеќе нема да ви требаат чекан и крцкалка за да стигнете до вкусното јадро. Доволно е да ги стегнете оревите во вашата рака“, се наведува во соопштението на универзитетот.
Според заменик-директорот на Ботаничката градина на Самарскиот универзитет, селекторот на ореви Александар Помогајбин, новите сорти поднесуваат студ и суша, а исто така успешно издржуваат и мраз. „Плодовите созреваат во септември, што понекогаш се пренесува на почетокот на октомври. Покрај тоа, самарските ореви лесно се отвораат при слаб притисок и може да се скршат едноставно со стискање на шаката. Планираме да ги патентираме двете сорти, веќе поднесовме пријави. Сортите ги добија називите Самарец и Волжанин“, изјави Помогајбин.
Според информациите на прес-службата, при одгледувањето на новите сорти е користен наједноставниот начин на селекција: вкрстено опрашување. Процесот на селекција е извршен во Ботаничката градина на парцелата за ореви, која веќе има 900 стебла. Се наведува дека оревите на самарските сорти имаат пријатен вкус и немаат горчина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче