Два руски ловци Су-30 придружуваа извидувачки „Боинг П-8 Посејдон“ над Црното море (ВИДЕО)

Скриншот
Два ловци Су-30 беа подигнати во воздух за да спречат „Боинг П-8 Посејдон“ да ја премине руската граница над Црното Море, соопшти рускиот воен ресор.

„Вечерта на 6 јули руските средства за контрола на воздушниот простор над неутралните води на Црното Море открија воздушна цел што се приближуваше до државната граница на Руската Федерација“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Од Министерството за одбрана на РФ истакнуваат дека два ловци Су-30 од составот на дежурните сили на поморската авијација и противвоздушната одбрана на Црноморската флота се подигнати во воздух за идентификација на воздушната цел и спречување повреда на руската државна граница.

Кадри од блиската средба објави RT.

„Екипажите на руските ловци ја идентификуваа воздушната цел како авион „Боинг П-8 Посејдон“ и ја придружуваа над водите на Црното Море. Летот на руските авиони беше извршен во строга согласност со меѓународните правила за употреба на воздушниот простор. Не е дозволена повреда на државната граница на Руската Федерација“, потенцираат од министерството.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња