Ваков систем првпат се прави во Русија. Изготвена е проектната документација и спроведени се прелиминарни тестирања. Државниот центар за испитувања на летање на Министерството за одбрана на РФ е преоптоварен, има многу нова техника. Но, ако успееме да ги спроведеме државните тестирања оваа година, во тој случај, следната година нашиот систем би можел да биде примен во вооружувањето и ќе започне сериското производство, изјави главниот конструктор на падобрански системи на „Теходинамика“ Алексеј Козина, пренесуваат руските медиуми.
Падобранот за кучиња е создаден како дополнение на новиот систем за десантирање од големи висини, чиј четиригодишен развој се ближи при крајот и треба да ги подобри неговите можности. Наменет е за секое животно со тежина до 45 килограми и се прицврстува за падобранскиот систем на кинологот. Доколку тој нема искуство со скокање, неговиот систем, пак, се прицврстува на тандемскиот падобран на инструкторот.
Според резултатите од прелиминарните тестирања, кучето го поднесува скокот како што треба, по слетувањето се чувствува добро и е подготвено да ги исполни поставените задачи, додаде Козин.
Во „Технодинамика“ веруваат дека покрај Министерството за одбрана на РФ, за новиот падобран систем ќе бидат заинтересирани и другите ресори кои користат кучиња-трагачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче