По настапот на Путин „Спутник V“ стана највредната марка на вакцина на социјалните мрежи

kremlin.ru
Руската вакцина „Спутник V“ со медиумска вредност на содржината од 228,4 илјади долари стана највредната марка на вакцина во светот на социјалните мрежи во првите шест месеци од оваа година.

За тоа зборуваат резултатите од истражувањето на лабораторијата за дигитален маркетинг CostPos до кои дојде новинската агенција ТАСС.

CostPost со помош на својата онлајн-платформа во првата половина од оваа година вршеше мониторинг на светскиот пазар на вакцини против инфекцијата Ковид-19 на социјалните мрежи Youtube, Instagram, Facebook, Twitter, TikTok, Telegram и VK. Лабораторијата потоа изврши дијагностика на медиумската вредност на брендовите Pfizer, Johnson & Johnson, „Спутник V“, Moderna, AstraZeneca и CureVac.

На прво место на ранг-листата со вкупна медиумска вредност со блага предност од 9 илјади долари се најде вакцината „Спутник V“. Второто место го зазеде препаратот на производителот Pfizer (227,5 илјади долари), а третото на компанијата Johnson & Johnson (221,5 илјади долари).

Како што истакнаа претставниците на лабораторијата CostPost, вакцината „Спутник V“ на 28 јуни се наоѓаше на третото место на списокот, но на 30 јуни, по „Директната линија“ со претседателот на РФ Владимир Путин, стана лидер. Претседателот на Русија во текот на  традиционалната годишна телевизиска програма „Директна линија“, во која одговара на прашања на граѓаните, откри дека во февруари ја примил вакцината „Спутник V“ и наведе дека ефикасноста на овој препарат во однос на новиот индиски сој на вирусот изнесува 90 проценти.

И според параметарот на вкупно потрошеното време рускиот бренд предничи во однос на сите други препарати за вакцинација, со тоа што кај пишаните објави како еквивалент на десет симболи се зема една секунда. За преглед на сите видеа и читање на сите објави на официјалните профили на „Спутник V“ на социјалните мрежи, корисникот треба да одвои повеќе од 27,8 часа. Тоа е 3,4 пати повеќе од времето потребно за запознавање со содржината на производителот на Pfizer (8,2 часа) и 5,2 пати повеќе од материјалот на компанијата Johnson & Johnson (5,3 часа).

Вкупниот обем на светската содржина за вакцините против коронавирус, изразен во часови по лице, изнесуваше 51,4 часа. Во истиот период, брендовите од другите сфери произведоа значително повеќе материјал на своите профили.

Како што наведува CostPost, „Спутник V“ се состои главно од содржина на англиски јазик. Во текот на оваа година материјалите на руски јазик му донесоа на препаратот само 6,4 проценти од вредноста. Притоа на англојазичниот деловен сегмент на „Твитер“ „Спутник V“ се наоѓа на шестото место (122,9 илјади долари). Пред него се Louis Vuitton (1,02 милиони долари), Twitter (689,1 илјади долари), SpaceX (431,1 илјади долари), Hyundai (348 илјади долари) и Gucci (147,4 илјади долари).

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња