Воениот аналитичар на изданието Popular Mechanics Кајл Мизоками го нарече системот за активна заштита „Арена-М“ „моќна воена технологија“. Според него, системот овозможува да се задржат во функција возила кои веќе долго време се во состав на вооружувањето, без да се додава дополнителен оклоп на нив.
Публикацијата е заснована на видеорепортажата на рускиот „Прв канал“ во која еден војник пука со РПГ-7 на тенк Т-72Б3. Противтенковската ракета лета директно во трупот на тенкот, но експлодира само неколку моменти пред ударот, бидејќи влегува во полето на дејствување на проектилот пресретнувач.
„Ракетата треба да го уништи тенкот, но наместо тоа тенкот ја уништува ракетата“, истакнува авторот на текстот. Активната заштита функционира во тесна врска со неколку кружно распоредени радари со милиметарски опсег. Кога ќе детектираат ракета, тие ја следат нејзината траекторија. Ако таа се наоѓа на линијата на сударот, системот автоматски испукува проектил пресретнувач од уредот што се наоѓа на куполата.
Системот е наменет за неутрализирање на заканата од кумулативна муниција, која стана вистински кошмар за сите тенкисти. Овој вид муниција е едноставен за употреба и многу ефикасен. Покрај тоа, таа постојано се подобрува, што ги прави старите тенкови ранливи, пишува Мизоками.
Аналитичарот додава дека за заштита од противтенковски ракети многу конструктори едноставно го зајакнуваат оклопот на трупот. Тоа резултира со зголемување на оптоварувањето на погонскиот систем и носечкиот систем на тенкот. Советските конструктори предложија алтернатива за неколку тони метал: систем за активна заштита со тежина од само 1,4 тони. По распадот на СССР, оваа технологија се развиваше понатаму.
Експертот истакнува дека многу земји во светот постепено воведуваат свои системи на активна заштита. Американската армија ги опреми своите тенкови М1 „Абрамс“ со израелски системи „Трофеј“ (Trophy), но обидите да се постави овој систем на борбените возила на пешадијата М2 „Бредли“ пропаднаа. На најновиот руски тенк Т-14 „Армата“ се применува новиот систем „Афганит“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче