Тестирањата на новата руска подморница „Белгород“ ги загрижија жителите на Велика Британија. Тие ги споделија своите коментари по публикацијата за тестирањата во весникот „Телеграф“.
Русија изврши тестирања на нуклеарната подморница „Белгород“ неколку дена по инцидентот во Црното Море, во кој учествуваше британскиот разурнувач „Дифендер“, пренесува „ИноСМИ“.
Должината на подморницата е 184,1 м. Се смета дека таа ќе стане носач на беспилотиот подводен апарат „Посејдон“. Се претпоставува дека ќе влезе во состав на Тихоокеанската флота, но на Запад стравуваат дека „Белгород“ ќе биде распоредена на Арктикот и во Северниот Атлантик, каде што последниве години Москва значително ја зголеми активноста на својата подморничка флота, пишува „Росијскаја газета“.
Читателите на изданието реагираа на публикацијата. Некои од нив се скептични и сметаат дека поради гигантските димензии на „Белгород“ САД и Велика Британија секогаш ќе знаат каде се наоѓа. Други читатели предупредуваат: руската воена доктрина учи да се разбираат и почитуваат можностите на противникот.
Претходно, во интервју за „Дејли Меил“, д-р Сидарт Каушал од Кралскиот институт за одбранбени студии истакна дека димензиите на „Белгород“ ѝ дозволуваат да служи како основа за уникатен сет на мали подводни пловила. Според него, новата подморница е добро подготвена за изведување тајни операции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче