Путин: Руската војска годинава ги добива најмоќните системи на офанзивно и одбранбено оружје

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на средбата со дипломците на воените академии во Кремљ.

Претседателот на Русија Владимир Путин во текот на средбата со дипломците на воените академии во Кремљ.

Kremlin Pool/Global Look Press
На средбата со дипломците на воените академии во Кремљ Владимир Путин рече дека меѓу новите системи на вооружување ќе бидат интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, бродската хиперсонична ракета „Циркон“ и противвоздухопловните системи С-500 „Прометеј“.

Ракетниот систем со интерконтиненталната балистичка ракета РС-28 „Сармат“ ќе биде најмоќното стратешко оружје во првата половина на 21 век. Овој комплекс доаѓа како замена за интерконтиненталните балистички ракети Р-36М „Воевода“. Важен факт е што најновите ракети можат да се постават во вкопаните ракетни силоси во кои сега се наоѓаат ракетите „Воевода“.

Ракетата РС-28 има далеку посилен мотор, така што се поголеми и нејзината борбена отпорност и ефикасност, а до целта долетува за пократко време. Новиот ракетен систем практично нема ограничување кога станува збор за дострелот. Борбените блокови на ракетата „Сармат“ можат да летаат кон своите цели преку Северниот или Јужниот пол. „Сармат“ може да носи широк спектар нуклеарни проектили со голема моќност. Тој ќе го надмине „Воевода“ по бројот и силата на боевите глави.

Како што беше претходно соопштено, РС-28 може да носи најмалку 10 блока. Моќта на секоја боева глава е најмалку 800 килотони. Особено е интересна варијантата на системот РС-28 со хиперсоничен маневарски боев блок „Авангард“. Не е неважно и тоа што вкопаните лансирни силоси на „Сармат“ ќе бидат покриени со системи за активна заштита што уништуваат дури и суперпрецизни ракети со нуклеарни боеви глави. Со други зборови, оваа ракета ќе биде навистина неповредлива.

„Циркон“ е противбродска хиперсонична ракета која развива брзина од над 10000 км/час и лета преку 500 километри. Оваа ракета ги уништува сите видови бродови, вклучително и носачи на авиони. Не е можно да се пресретне со средства за противвоздушна, па дури ни за противракетна одбрана. Најновата ракета, како и „Сармат“ може да се постави во лансери предвидени за ракетите „Калибар“, така што со неа без некои посебни проблеми можат да бидат наоружани бродовите и подморниците.

Противвоздухопловниот ракетен систем С-500 „Прометеј“ е уникатен. Во светот не постои нешто слично на него. Тој е мобилен, ги уништува сите видови воздушни цели, како и вселенски апарати во орбита висока 200 километри. Експертите претпоставуваат дека С-500 е направен специјално за одбивање на напад со американското супероружје Х-37В. Станува збор за апарат кој носи нуклеарно оружје и може со години да „виси“ во орбитата на Земјата, а кога ќе дојде часот „Х“, тој се спушта на висина помала од 200 километри и ги испушта своите боеви глави. Но, тие во тој момент веќе ќе бидат на нишан на „Прометеј“ и гарантирано ќе бидат уништени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња