Русија тестира балистички ракети од нов тип

На космодромот Плесецк покрај Архангелск се реализираше првото лансирање на новата балистичка ракета од интерконтинентална класа, развиена од Московскиот институт за топлотно инженерство (МИТ).

„Лансирањето беше извршено кон средината на јуни и прогласено за успешно“, изјави за ТАСС извор од одбранбено-индустрискиот комплекс. Засега агенцијата не располага со коментари од МИТ. Непознати се и типот и карактеристиките на тестираното оружје.

Московскиот институт за топлотно инженерство е водечки во развојот на балистички ракети на цврсто гориво. Таму се создадени интерконтиненталните балистички ракети (ИБР) „Топол“, „Јарс“ и „Булава“, кои се наоѓаат во вооружувањето во руската армија. Претходно беше соопштено дека во рамките на модернизацијата на арсеналот на Ракетните сили за стратешка намена (РССН), МИТ работи над перспективната ИБР „Кедар“. Исто така, познато е дека се создава нова ИБР РС-26 „Рубеж“ врз база на „Јарс“, пишува „Росијскаја газета“.

Во 2021 година се планирани и тестирања на балистички ракети од тешката класа „Сармат“ со ракетни мотори на течно гориво. Првото лансирање е планирано за третиот квартал, со три лансирања да бидат завршени до крајот на годината.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња