Дронот „Орион-Е“ излегува на светскиот пазар

Макет на „Орион-Е“

Макет на „Орион-Е“

Владимир Галперин/Sputnik
Русија го лансира ударниот дрон „Орион-Е“ (рус. „Орион-Э“) на светскиот пазар на оружје. Веќе се примени и првите барања од потенцијалните клиенти.

„Рособоронекспорт“, заедно со компанијата „Кронштат“, која го разви дронот, нуди „Орион-Е“ во ударна варијанта, опремен со универзален комплекс на оружје. Ова за РИА „Новости“ го соопшти соговорник од одбранбено-индустрискиот комплекс.

Експертите сугерираат дека испораките во странство на дронот можат да започнат уште кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Тоа ќе се случи по отворањето на фабриката за производство на дронови во Дубна. Веќе беше соопштено дека првата во Русија специјализирана фабрика за сериско производство на ударни беспилотни летала ќе започне со работа во ноември 2021 година, пишува „Росијскаја газета“.

Соговорникот на агенцијата додаде дека „Орион-Е“ ќе биде добра понуда во однос на цената, квалитетот и интелигенцијата на леталото. Беспилотните летала ќе станат „убијци“ на конкуренти како што е турскиот „Бајрактар“.

„Орион-Е“ е ударен дрон летало со долга автономија на летот. Може да остане во воздухот до еден ден. Максималната полетна маса му е 1150 кг, висината на летот - 7 км. Неговата должина е 8 метри, а распонот на крилата е 16 м. Носи универзален комплекс авијациски средства за уништување.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња