9K317M „Бук-М3“ ја потврди својата ефикасност во борбата против дронови на далечини над 10 км

Борбени Ефективи

Ракеташите кои ги опслужуваат неодамна усвоените ракетни ПВО-системи 9K317M Бук-M3 (единиците од составот на комбинираната армија на Западниот воен округ), реализираа воена вежба во која имаа задача во услови на масовно непријателско противелектронско дејство да детектираат и уништат беспилотни летала на далечини поголеми од 10 километри. За време на реализацијата на оваа вежба, посебно внимание беше насочено кон однесувањето на комплексот, како и на неговиот екипаж, на ситуации на масовен напад од беспилотни летала (рој), пренесува сајтот „Борбени Ефективи“.

Оваа информација ја пренесе информативната служба на Западниот воен округ. „Откако беше даден сигнал за тревога, борбените екипажи со своите системи од типот Бук-М3 изведоа марш долг 50 километри и го запоседнаа однапред зададениот реон. Откако излегоа на огнените позиции, тие успешно извршија повеќе од 10 различни методи и постапки кога станува збор за подготовка за гаѓање и маскирање на своите позиции. Во продолжение на вежбата „ракеташите“ во услови на силно противелектронско дејство на непријателот успеаја истовремено да детектираат, зафатат и соборат 12 воздушни објекти кои имитираа непријателски беспилотни летала на далечини поголеми од 10 км“, истакнува информативната служба на Западниот воен округ.

Комплетната вежба беше изведена на централниот воен полигон во Курската област. Во неа учествуваа делови на 53-та противвоздухопловна ракетна бригада која се наоѓа во состав на 20-та гардиска комбинирана армија на Западниот воен округ. Посебно внимание при реализацијата на оваа вежба беше насочено кон однесувањето на комплексот и неговиот екипаж во ситуации на масовни напади од беспилотни летала (рој).

Противвоздухопловниот ракетен систем 9К317М Бук-М3 е производ на познатиот руски концерн ВКО „Алмаз-Антеј“. Неговата основна намена е пресретнување и уништување маневрирачки аеродинамични цели во услови на интензивно непријателско противелектронско дејство. Овој систем претставува понатамошна еволуција на ракетните системи со среден дострел од семејството „Бук“. Најголемите подобрувања на системот беа направени на интеграцијата на новите електронски компоненти. Од исклучителна важност е и фактот што бројот на ракети по една лансирна единица е зголемен, што значително ја зголемува вкупната огнена моќ на батериите и дивизионите опремени со овие системи.

Еден дивизион ракетни системи 9М317М „Бук-М3“ има способност истовремено да нападне 36 воздушни цели во радиус од 70 км во далечина и до 35 км во висина. Притоа веројатноста за уништување на целта со една ракета е речиси 1/1 (цел со големина на авион-ловец), додека кај крстосувачките ракети тој однос е околу 1/0.8. „Бук-М3“ ќе ги користи ракетите од класата „земја-воздух“ 9М317М кои ќе можат да пресретнуваат цели што летаат со брзина и до 3000 м/сек. Ракетата е опремена со фрагментарно-разорна боева глава. Врз целта во првиот дел од траекторијата се наведува по инерцијален пат, а потоа, во завршниот дел се активира активната радарска самонаведувана глава која е исклучително отпорна на електронски пречки. Боевата глава на ракетата

9М317М е од шипкаст тип, чии фрагменти можат да пробијат материјали со екстремна цврстина како што се титаниум и кевлар. Веројатноста за уништување на воздушна цел со една ракета 9М317М која се наоѓа во вооружувањето на комплексот „Бук-М3“ има практично 100% успешност (0,9999).

Најважни елементи на дивизионот на овој систем претставуваат самоодните лансирни единици 9А317М на кои има шест ракети 9М317М со дострел од 70 км, самоодниот радар за следење и осветлување на зафатените цели 9С36М со домет од 120 км, набљудувачко-аквизицискиот радар 9С18М3 со домет од над 150 км, како и командниот пункт 9С510М.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња