Станува збор за повеќеканален ракетен ПВО-систем кој има исклучителна брзина на реакција и е особено специјализиран за борба против високоманеварбилни и минијатурни цели кои се наоѓаат на кратки/ултракратки растојанија, како и на екстремно мали висини, пренесува сајтот „Борбени Ефективи“.
На Меѓународниот военотехнички саем, специјализиран за поморска борбена техника и нејзино вооружување МВСМ-2021 (Санкт Петербург), концернот „Алмаз-Антеј“ и НПО „Алмаз“ за прв пат на пошироката јавност ѝ го претставија повеќеканалниот противвоздухопловен ракетен систем 3К96-3Е „Ресурс“.
Стручната јавност смета дека новиот повеќеканален противвоздухопловен ракетен систем 3К96-3Е „Ресурс“ претставува извозна модификација на противвоздухопловниот ракетен систем „Редут“ кој се наоѓа во вооружувањето на руската воена морнарица. Тој се наоѓа во арсеналот на ракетните корвети од новата генерација (класите 20380 и 20385).
Конкретно, што се однесува до повеќеканалниот противвоздухопловен ракетен систем 3K96-3E „Ресурс“, неговата основна намена е насочена кон непосредна заштита на бродот од напад со различни средства за воздушен напад, вклучително и беспилотни летала. Се работи за ПВО-систем кој има исклучителна брзина на реакција и е особено специјализиран за борба против високоманеварбилни и минијатурни цели кои се наоѓаат на кратки/ултракратки растојанија, како и на екстремно мали висини.
3К96-3Е „Ресурс“ се состои од:
Што се однесува до тактичко-техничките карактеристики на новиот ракетен ПВО-систем 3K96-3E „Ресурс“, се проценува дека една самостојна бродска единица ќе може истовремено да нападне до 5 различни воздушни цели. Ефективниот дострел во далечина зависи од видот на ракетата со која се реализира гаѓањето и се движи од 10-28 км (9М100Е и 9М96Е). Минималното растојание за пресретнување на цел се движи во опсег од 1,0-1,5 км. Што се однесува до висината на траекторијата на летот на која може да дојде до пресретнување на целта, таа ќе биде практично на нивото на море/копно (0). 3K96-3E „Ресурс“ покрива зона од 360 степени околу бродот, така што не е потребно посебно насочување на контејнерите за лансирање при подготовка за дејство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче