Запознајте го „Фаљкатус“, „бетмобилот“ на руското ФСБ (ВИДЕО)

Овој теренец е најтајниот автомобил што го користи Федералната служба за безбедност на Русија.

„Фаљкатус“ е изграден на платформа на „КамАЗ“ и има погон на сите тркала. Однадвор гледано возилото делува многу агресивно.

За какво возило се работи

Оклопното возило има осумцилиндричен мотор од 17 литри. Неговата моќ надминува 700 коњски сили. Сето ова му овозможува на повеќетонското железно чудовиште со екипаж од 12 лица да развие брзина од 200 километри на час.

Конструкцијата на возилото го штити екипажот од дејство на автоматски пушки и митралези, а неговиот стомак во вид на латинската буква „V“ го разбива ударот на експлозијата на нагазна мина.

Возачот има три прозорци од непробојно стакло. Тие се наоѓаат под одредени агли кои во одредена мера го намалуваат видокругот, но обезбедуваат бонус при одбраната од непријателски куршуми.

Покрај тоа, врвот на возилото е забележливо истурен нанапред. Тука „мртвите агли“ се покриени со специјални ТВ-камери кои на возачот му овозможуваат целосен преглед пред возилото. Принципот на работа е сличен на оној како кај задните сензори за паркирање.

Заедно со возачот, десантната партија од 12 лица ја набљудува околината од бочните страни на возилото. За нив на страните на возилото има шпионки со непробојно стакло и отвори за пешадиско оружје. Притоа „мртвите агли“ на дното на возилото војниците исто така можат „да ги покријат со оган“ од вториот ред отвори сместени на дното.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња