Во Русија демантирани информациите за програма за чипирање на мозокот

Pixabay
Министерството за образование и наука на РФ ја демантираше веста за работата над федерална програма за чипирање на мозокот. Како што наведоа од ресорот, кон крајот на 2020 година иницијативата беше прогласена за нецелисходна.

Во Русија не се работи на Федерална програма за чипирање на мозокот, која кон крајот на минатата година на ниво на владата на РФ беше оценета како нецелисходна. Ова за новинската агенција ТАСС го изјавија од службата за односи со јавност на Министерството за образование и наука на Руската Федерација.

За развој на програмата „Мозок, здравје, интелект и иновации“, во која ќе бидат вложени 54 милијарди руби до 2029 година, претходно пишуваше весникот „Комерсант“.

„Министерството за образование и наука ги демантираше информациите за програмата за чипирање на мозокот. Споменатата програма не се финансира. На крајот на минатата година на ниво на влада беше донесена одлука за нецелисходноста на нејзиниот развој“, соопшти службата за односи со јавност.

Според пишувањето на „Комерсант“, извор близок до Министерството за образование и наука на РФ изјавил, наводно, дека е формирана работна група за развој на нова федерална програма „Мозок, здравје, интелект, иновации“ во периодот од 2021 до 2029 година, со чија содржина се запознала редакцијата.

Документот, како што се наведува, е развиен од Руската академија на науките во соработка со Московскиот државен универзит, а одобрен од претседателот на РФ Владимир Путин во март, што наводно се гледа од копијата на писмото што до претседателот на државата го испратил претседателот на РАН Александар Сергеев, заедно со работната верзија на програмата. Путин наводно им наложил на премиерот Михаил Мишустин и на раководителот на администрацијата на претседателот Антон Вајно да направат студија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња