Конструкторското биро „Малахит“ веќе дефинираше каков ќе биде обликот на повеќенаменската мала нуклеарна подморница „Горгона“, соопшти претпријатието во својот отчет за 2020 година, пренесува „Интерфакс“.
Во документот се истакнува дека се развиени техничките предлози и е утврден обликот на нуклеарната повеќенаменска подморница со мал депласман „Горгона“, како и на малата ненуклеарна подморница „Сервал“ со независна од воздух електроенергетска централа - анаеробен мотор.
Според генералниот директор на Санктпетербуршкото поморско биро за машиноградба „Малахит“ Владимир Дорофеев, во моментов е готов само концептот. Тоа е конструкција со заменливи модули и носивост, во која ќе влегуваат вооружување, средства за самоодбрана, подводни апарати без екипаж и други. Комплетот опрема ќе зависи од конкретните задачи и ќе биде подготвуван пред подморницата да излезе на отворено море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче