Кај Тоболск пронајден череп на праисториски носорог (ФОТО)

Жители на Тоболск извадија од река череп на праисториски носорог.

Жители на Тоболск во Тјумењската област соопштија дека пронашле череп на праисториски крзнен носорог. Според зборовите на еден од нив, коските се извадени од реката Тура. Како што сметаат експертите, ваквите наоди не се нешто специфично, затоа што во оваа област секоја година се пронаоѓаат коски на древни животни.

„Крзнен носорог. Вообичаен вид за нашиот терен. Примерокот е добро сочуван за селски музеј”, изјави природонаучникот Павел Ситников за изданието „Тјумењската област денес”.

Во декември минатата година во Јакутија исто така беа пронајдени коски на крзнен носорог. Нивната зачуваност е проценета на 80%.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња