Министерството за одбрана на РФ развива гума за џвакање и пастила против коронавирус

Xinhua/Global Look Press

48-от Централен научноистражувачки институт на Министерството за одбрана на Руската Федерација, кој учествуваше во развојот на вакцината против коронавирус „Спутник V“ заедно со центарот „Гамалеја“, започна со развој на препарати за коронавирус во вид на гума за џвакање и вакцина во вид на пастила, пишуваат руските медиуми повикувајќи се на извор близок до Министерството за одбрана на РФ.

Институтот „започна да развива антивирусен препарат против коронавирусна инфекција во вид на гума за џвакање“, како и мукозна вакцина против коронавирус во вид на пастила, пренесуваат руските медиуми. Според изворот, „комбинацијата на достапниот облик на примена со корисните својства на препаратот“ би требала да обезбеди позитивен ефект.

Во 2020 година Центарот „Гамалеја“ и Центарот „Вектор“, независно еден од друг, најавија развој на вакцина против коронавирус во вид на капки за нос. Според директорот на Центарот „Гамалеја“ Александар Гинцбург, регистрацијата на назалната вакцина против коронавирус е планирана за 2022 година.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња