Како што соопшти одделот за информативна поддршка на прес-службата на Западниот воен округ (ЗВО) за Балтичката флота, во планираните летови учествуваа екипажите на повеќенаменските ловци Су-30СМ и фронтовските бомбардери Су-24. Беа ангажирани повеќе од 10 авиони, пишува „Росијскаја газета“.
Дополнувањето гориво се вршеше од авион-цистерна Ил-78. Борбениот авион мора да се приближи до авионот-цистерна на растојание од 10-15 метри, висината на летот во овој случај треба да е од 2 до 5 километри, а брзината 500-600 км/час.
При овие услови пилотот мора да воспостави контакт меѓу конус-сензорот и шипката за полнење гориво на авионот што полни гориво, а потоа да ја задржи позицијата сé до целосното полнење гориво. Летовите се одвиваа дење и ноќе, во мрак при полнењето гориво се користеше дополнително осветлување, какво што има и авионот Ил-78 и авионот што полни гориво.
Само искусни пилоти од 1-ва и 2-ра класа, кои имаат налет повеќе од 400 часа, имаат право да дополнуваат гориво во воздух. Почетниците прво изведуваат 8-10 опитни летови со инструктор, а потоа 3-4 индивидуални летови. Овој вид обука за летање на екипажите на морнаричката авијација на Балтичката флота се спроведува редовно, најмалку двапати годишно. За неа авионот-цистерна пристигнува од еден од централните региони на Русија.
Можноста за полнење гориво во воздух значително го проширува радиусот на дејство на авијацијата, која на тој начин станува способна да дејствува како во оперативно-тактичка длабочина, така и на големо растојание од нејзината база, користејќи го целиот спектар на оружје од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“.
Обуката на екипажите за полнење гориво во воздух, исто така, овозможува, доколку е потребно, авијациските единици да се префрлат на подалечни аеродроми без слетување. За да се обезбеди долг лет според маршрута, доволно е да полета авион-цистерна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче