Се појави фотографија од американски ловец F-16C кој во воздушна битка симулира Су-57

Во американската воздухопловната воена база „Нелис“ (Nellis Air Force Base), што се наоѓа на територијата на сојузната држава Невада, се наоѓа 64-та воздухопловна ескадрила, која во Војската на САД се нарекува и како „агресорска“. Нејзината основна функција е имитирање непријателски воздухоплови на тренинг на американските пилоти. Во нејзиниот состав главно има едномоторни повеќенаменски авиони-ловци од 4 генерација F-16C.

Основната намена на оваа ескадрила е да биде што е можно поверна симулација на потенцијалниот противник кој денес или утре може да им се спротивстави на американските пилоти кои летаат со авиони-ловци. За таа цел оваа ескадрила е опремена со авиони-ловци од 4 генерација, кои се обоени во идентични бои на борбените летала што ги користат, на пример, воените воздухопловства на Русија и Народна Република Кина. Покрај идентичното боење, неретко може да се видат и ознаки (натписи на руска кирилица и сл.) за да се создаде што посилен ефект при изведување на симулација на воздушен дуел.

На фотографијата се гледа повеќенаменски авион-ловец F-16C Fighting Falcon со нова шема на боење, која е максимално приближена (идентична) со маскирната боја што ја користи рускиот ловец од петтата генерација Су-57. Основната цел на ваквото „боење“ на авионот е верна имитација на руското летало заради креирање што е можно пореални услови при тренирањето на американските авиони кои ќе симулираат воздушна битка.

Исто така, 64 ескадрила за обука со база во Невада пребои еден од своите авиони, што е слично на камуфлажниот систем што го користат авионите Су-35С од генерацијата 4++. Според високи американски офицери, сите овие активности се насочени кон максимално реалистично изведување на воени вежби заради стекнување рутина.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња