Актеулно: Руските падобранци добиваат свој тенк кој ќе има иста огнена моќ како Т-90

Скриншот / Ѕвезда
Ова авиодесантно орудие е првенствено наменето за огнена поддршка на руските воздушно-десантни единици. Благодарение на исклучително моќното основно вооружување, овој тенк има способност да се фати во костец во секое време од денот (ден/ноќ) со најсовремените типови на основни борбени тенкови кои во моментов се произведуваат во светот, како и со средни и лесни оклопни борбени возила, непријателска жива сила која е заштитена со природни и вештачки пречки.

Рускиот заменик-министер за одбрана Алексеј Криворучко пристигна во работна посета на експерименталниот воен полигон Смолино во Нижегородската област, каде што се запозна со перспективни модели на борбена техника (главно самоодни артилериски системи способни за воздушен десант) за потребите на високомобилните здружени единици на руската армија. Еден од нив е лесен тенк со амфибиски способности кој ќе им овозможи на падобранските борбените формации да имаат свои оклопни единици кои ја имаат огнената моќ на основните борбени тенкови.

„Спрут-СДМ1“ претставува модернизирана верзија на авиодесантното самоодно противтенковски орудие СПТП 2С25 „Спрут-СД“, направено врз база на гасеничната платформа на борбеното возило на пешадијата БМП-3 и борбеното возило за десант БМД-4М. Комплетниот проект е резултат на соработката помеѓу специјалистите на КБ на Волгоградскиот машински завод (ВгТЗ), екатеринбуршкото ОКБ-9 (сега „Завод бр. 9“) и ЦНИИТочмаш од Подолск.

Развојот на самоодното противтенковско орудие „Спрут-СД“ започна во средината на 80-тите години на минатиот век, за во 90-тите години проектот да биде стопиран од објективни причини. Деценија и пол подоцна, по серија дополнителни тестирања, беше донесена одлука во КБ на Волгоградскиот машински завод ВгТЗ за започнување на сериско производство, така што на 9 јануари 2006 година орудието и официјално да влезе во вооружувањето на руската армија.

Ова орудие првенствено е наменето за поддршка на руските воздушно-десантни единици. Да биде нивна основна оклопна сила. Благодарение на исклучително моќното основно вооружување, овој тенк има способност да се фати во костец во секое време од денот (ден/ноќ) со најсовремените типови на основни борбени тенкови кои во моментов се произведуваат во светот, како и со средни и лесни оклопни борбени возила, непријателска жива сила која е заштитена со природни и вештачки пречки.

„Спрут-СД“ е вооружен со тенковски топ 2А75-1 со калибар 125 мм кој има борбена брзина на гаѓање и до 8 гранати во минута. Борбениот комплет содржи до 40 гранати од различен тип со калибар 125 мм. Покрај топот, има и тенковски митралез ПКТМ со калибар 7,62 мм со борбен комплет од 2 илјади куршуми.

Борбениот комплет на лесниот тенк 2С25 „Спрут-СД“ вклучува разни видови гранати од 125 мм. Самоодното орудие може да дејствува со поткалибарска муниција (кинетички пенетратор), стандардни кумулативни и фрагментарно-разорни проектили, како и со наведувани противтенковски ракети кои се истрелуваат од цевката на тенковскиот топ со пробојност на хомогена челична плоча и до 850 мм.

Воените експерти сметаат дека „Спрут-СД“ претставува уникатен вид борбена техника базирана на гасеници. Има огнена моќ што е на рамниште на основен борбен тенк (Т-72/Т-90), додека во исто време е значително помобилен и поподвижен.

Според објективна проценка, „Спрут-СД“ е послабо оклопен во однос на потешките оклопни борбени средства: примената на оклоп е значително помала во споредба со основните борбени тенкови затоа што се тежнееше кон намалување на вкупната маса, што овозможува падобранско десантирање од военотранспортни авиони Ил-76. Од друга страна, овој вид на транспорт и вклучување во борба е невозможен кога се во прашање основните борбени тенкови како што се Т-72/Т-80/Т-90.

„Спрут-СД“ е и авиодесантно и амфибиско оружје. Ниту еден друг тенк (кој спаѓа во категоријата лесни тенкови), вклучувајќи ги и западните пандани, нема такви способности. Благодарение на таквите можности, тој практично и да нема конкуренција во светот. Се проценува дека пакетот модернизација на лесниот „ловец на тенкови“ - Спрут-СДМ1 има за цел подобрување на неговиот погонски механизам, вклучително и обновување на електронските компоненти во тенкот, пред сé на оптоелектронските уреди и системите за управување со огнот.

Според информациите на државниот концерн „Ростех“, модернизираниот „Спрут-СДМ1“ го задржа основниот топ со калибар 125 мм. Измените се однесуваат на помошното вооружување, поточно вградување на далечински управувана борбена единица вооружена со ПКТМ со калибар 7,62 мм, вклучувајќи и уште еден ПТКМ впарен со топот.  

„Спрут-СДМ1“ е опремен со специјален алгоритамски комплекс и високоавтоматизиран компјутерски систем за управување со огнот, кој обезбедува откривање, препознавање и уништување на зафатените цели кои можат да стојат во место или да бидат во движење. Модернизираниот лесен тенк е опремен со нов мотор, нишански оптоелектронски системи и средства за врска, кои го интегрираат во единствен тактички синџир на командување и управување.

Според информациите од руското Министерство за одбрана, се работи за еден од првите домашни проекти насочени кон значително зголемување на огнената моќ и степенот на борбено преживување на артилериската и противтенковската компонента во составот на воздушно-денсантните единици на руската армија.

„Спрут-СДМ1“ може да се користи на ридско-планински терен и тропски области каде преовладуваат високи температури. Овој тенк, освен од авион, може да се десантира и од транспортно-десантни бродови. Во моментов, во светот не постои средство кое е пандан на рускиот лесен тенк. Покрај единиците од составот на ВДВ, самоотката има своја употребна вредност и во оклопните единици во рамките на морнаричката пешадија и класичната копнена војска. Што се однесува до овој тенк, се проценува дека и неговата извозна перспектива ќе биде успешна.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња