Падобранците укажаа на предностите на БМД-4M

Александар Рјумин/TASS
Војниците на десантно-јуришниот полк во Ставропол добија баталјонски комплет најнова техника - 31 борбено возило БМД-4М и осум оклопни транспортери БТР-МДМ „Ракушка“.

Во рамките на програмата за вооружување, до крајот на годината ќе бидат доставени уште три комплети борбени возила.

Ова го соопштува весникот „Краснаја звезда“. Командантот на гардискиот десантно-јуришен баталјон и Херој на Русија потполковник Дмитриј Лисицки истакна дека новото борбено возило за десант ги надминува претходните модели во однос на мобилноста, проодноста и огнената моќ. Според него, новиот систем за контрола на огнот овозможува пребарување цели во секоја ситуација, пишува „Росијскаја газета“.

Командирот на гардиска чета капетан Игор Жидков додаде дека БМД-4М е „наменет за маневрирање во офанзивни и одбранбени борбени дејствија“.

Војниците исто така истакнаа дека БМД-4М има помоќен мотор, што му овозможува да развива поголеми брзини. „Во исто време, лесен е за управување, бидејќи се контролира со волан, а не со рачки. Има автоматски менувач“, изјави командирот на гардиско одделение наредник Максим Медведев.

Според нишанџијата-оператор од гардата десетар Аркадиј Шејко, БМД-4М е многу „попаметен“ од БМД-2. Компјутерот, тенковскиот балистички калкулатор, уредите за ноќно гледање, сензорите за притисок и температура на воздухот овозможуваат гаѓање во кое било време од денот и во сите временски услови. „Сега работата за мене е задоволство“, рече нишанџијата-оператор.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња