Руски топови со калибар 57 мм првпат видени на странски бродови

Kepo Militer Indonesia / youtube.com

Воената морнарица на Индонезија постави на ракетните чамци од домашно производство од проектот KCR-60M руски борбени модули со калибар 57 мм АУ-220М. Ова го соопштува блогот bmpd.

Наведениот артилериски модул е произведен во Нижни Новгород, а Воената морнарица на Индонезија е првиот познат нарачател на бродската варијанта на споменатиот артилериски систем.
Ракетните чамци од проектот KCR-60М се произведуваат во државното бродоградилиште PT PAL во Сурабаја од 2012 година.

Првите три брода беа предадени 2014 година, а наредните во 2018-та. Една година подоцна почна изградбата на уште два брода чиј завршеток се планира за 2022 година.

Депласманот е стандарден - 460 тони, должина 59,8 метри, ширина 8,1 метри. Два дизел-мотори MTU со сила по 2880 киловати. Полна брзина до 28 јазли. Екипажот го сочинуваат 43 члена. Вооружувањето е составено од два или четири лансери на лесни противбродски ракети С-705 произведени во Кина. Претходно беа користени шведски противавионски топови Bofors L/70 со калибар 40 мм, како и два автоматски системи со калибар 20 мм.

Четвртиот брод дополнително доби шестцевен топ NG-18, копија на советскиот АК-630.

Познато е дека борбениот модул АУ-220М се користи и на новиот противвоздухопловен систем 2С38 „Деривација-ПВО“, а според некои информации за него се прави наведуван проектил. „Деривација“ беше претставена на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2018“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња