Руските стручњаци од центарот „Гамалеја“ го објаснија привлекувањето метал на местото на вакцината

Clara Margais/dpa/Global Look Press
Привлекувањето метал на местото каде што некому е инјектирана вакцина нема никаква врска со теоријата за чипирање, туку сето тоа се случува поради електрицитетот во човечкото тело, изјави раководителот на одделение на Научноистражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ Александар Бутенко во интервју за радиот станицата „Говорит Москва“.

На социјалните мрежи се појавија клипови во кои луѓето ставаат монети на местото каде што се инјектира вакцината, при што металот се прилепува на телото. Како што објасни Бутенко, некои луѓе имаат способност да задржуваат метални предмети на нивните тела.

Тие можат да потпрат десет до дваесет монети и тие да стојат совршено. Некои имаат моќ да чуваат метални лажици и ножеви во пределот на градите. Таквата појава понекогаш може да биде исклучително развиена, кај некои луѓе во помала, кај други во поголема мера. Нема ништо фрапантно во тоа, рече вирологот.

Како што истакна овој стручњак, важен елемент на активноста на нервниот систем и човечките органи е електрицитетот. Способноста за привлекување метали може да се објасни на тој начин. Според него, вакцината не може да содржи „дигитална опрема“.

„Што е всушност вакцината? Таа е едноставно течност што содржи антигени на новиот коронавирус и ништо повеќе... Луѓето едноставно имаат бујна фантазија“, рече Бутенко.

Претходно Бутенко рече дека некој што е вакциниран може да се разболи од Ковид-19 доколку веќе бил заразен кога се вакцинирал. Според овој виролог, некои луѓе се имуни на вакцината поради што не развиваат антитела.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња