Во воздухопловната база „Украинка“ во Амурската област екипажите на стратешките ракетоносци Ту-95МС ги извршија првите летови во летниот период на обука. Обуката се одржа во тешки временски услови, пишува ТВ „Ѕвезда“.
Летовите беа реализирани со цел да се обучи младиот пилотски кадар да управува со стратешките ракетоносци во услови на слаба видливост. За време на извршувањето на задачите, пилотите мораа да се ориентираат само со инструментите во авионот.
Важна карактеристика на обуката беше школскиот тренинг во полетување и слетување на скратена писта во тешки метеоролошки услови. Во летовите учествуваа и искусните пилоти - за подобрување на претходно стекнатите вештини и одржување на високо ниво на обученост.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче