Шест земји порачаа руски борбени роботи

Саид Царнаев/Sputnik

„Во 2019 година Русија доби 6 барања за испорака на теренски борбени роботи“, соопшти шефот на руската Федерална служба за военотехничка соработка на Русија (ФСВТС) Дмитриј Шугаев.

„ФСВТС доби шест барања од странски клиенти заинтересирани за руска борбена роботика. Голем интерес кај партнерите предизвика комплексот за деминирање „Уран-6“, изјави Шугаев за ТАСС на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ).

„Уран-6“ е оклопен инженерски комплекс наменет за деминирање на терен или за правење премини во мински полиња. Машината тешка 6 тони опремена со комплет чистачи на мини, неколку видеокамери и далечински управувач со опсег од над еден километар. Машината се покажа добро за време на борбените деминирања во Дагестан, Чеченија и Сирија, пишува „Росијскаја газета“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња