Една доволна да уништи цела чета тенкови: од 2023 година ВКС ги добива авиобомбите „Дрељ“

Слободан Ѓукиќ
Боевите пробојни елементи се опремени со топлотни и радарски глави за самонаведување, а целокупниот електронски систем за наведување на бомбата се одликува со висок степен на отпорност на интензивно непријателско противелектронско дејство. Друга исклучителна одлика на оваа бомба е радарската невидливост или „стелтност“. Оваа бомба исклучително тешко може да се открие со радарските средства на ПВО, вклучувајќи и пасивни видови на откривање воздушни објекти како што се оптоелектронските системи.

Испораката на новата планирачка воздушна бомба „Дрељ“ (мак. Бургија) е можна во текот на 2023 година. Ова им го соопшти на руските новинари првиот човек на холдингот „Технодинамика“ (се наоѓа во рамките на државната корпорација „Ростех“) Игор Насенков.

„Проектот за развој на воздухопловната бомба „Дрељ“ е во фаза на завршување и во план е да се заврши следната година. Ако го реализираме блокот тестирања во текот на следната година, во принцип можна е организација на сериското производство и испорака на руската армија веќе од 2023 година“, изјави првиот човек на „Технодинамика“, пренесува веб-порталот ТАСС.

Унифицираната планирачка касетна бомба ПБК-500У СПБЭ-К или едноставно „Дрељ“ (развиена од НПО „Базалт“, дел од „Техмаш“) е наменета за уништување на непријателска оклопна борбена техника, неговите копнени радарски капацитети и командни пунктови. Главната предност на оваа бомба во однос на постојните се гледа во тоа што авионот кој ја носи оваа бомба може да ја испушти од далечина од неколку десетици километри далеку од целта. Вакво нешто е мисловна именка за планирачките и гравитациски авиобомби кои во моментов се наоѓаат во вооружувањето на руските Воздушно-космички сили. Новата авионска бомба може да биде фрлена врз непријателот на растојание од 30 километри, а благодарение на системот на сателитска навигација ГЛОНАСС, добиени се екстремни параметри на прецизност со кои ја погодува и неутрализира својата цел.  

ПБК-500У „Дрељ“ е долга 3,1 метри, нејзиниот калибар изнесува 450 мм, а вкупната маса достигнува цели 540 кг. Ефективната зона на нејзината употреба по висина се движи од 100-14000 метри, додека елементот на брзина при нејзиното отфрлање е ограничен на 1100 км/ч. Боевите пробојни елементи се опремени со топлотни и радарски глави за самонаведување, а целокупниот електронски систем за наведување на бомбата се одликува со висок степен на отпорност на масивно противелектронско дејство од страна на непријателот.

Бомбата нема никаков дополнителен погонски блок за достигнување на својот проектиран дострел. Таа го достигнува благодарение на одличните аеродинамични решенија кои ѝ овозможуваат до своето одредиште да долета како едрилица. Уште една исклучително важна одлика на оваа бомба е радарската невидливост или „стелтност“. Ова бомба исклучително тешко се открива со радарските средства на ПВО, без оглед на опсегот на рефлексија на радиобрановите кои ги емитираат радарите. Исто така, ни современите пасивни видови на откривање на воздушни објекти, како што се електрооптичките системи засилени со термовизиски уреди тешко ја откриваат оваа бомба. Значи, нејзино пресретнување од страна на копнени системи за ПВО е крајно сложено и прашање е дали е воопшто изводливо.

Вкупниот капацитет на касетниот блок достигнува бројка од 15 самонаведувани боеви елементи. Поединечната маса на секој овој боев елемент е до 20 кг (вкупната маса на касетната глава е околу 300 кг). Наведувањето на воздухопловната бомба се изведува преку сателитскиот систем ГЛОНАСС. Кога бомбата ќе ја достигне целта, на висина од околу 250 метри над земјата, доаѓа до активирање на полнењето, кое има за цел да го ослободи, т.е. да го раздвои блокот со самонаведуваната касетна муниција, која потоа преку радарските и термовизиските самоводени боеви глави делумно се наведуваат врз целта. Според руските конструктори, нивниот тип на самонаведувана подмуниција, која е применувана во авиобомбата „Дрељ“, е значително „поинтелигентен“ во однос на типот и видот муниција што се користи кај американскиот колега AGM-154. Руската самонаведувана боева глава која е применета кај касетните самонаведувани боеви елементи на бомбата е значително посовршена и со самото тоа почувствителна отколку кај американското решение. Особено е интересен фактот што овој тип на бомба може да се употреби и онаму каде што е можен близок судир на завојуваните страни, каде посебните алгоритми применети во самонаведуваниот управувачки блок можат да разликуваат сопствена техника од туѓа.

Исто така, за разлика од американската наведувана бомба AGM-154, само еден руски „Дрељ“ може да збрише 6-10 единици борбена оклопна техника од лицето на земјата (кај американскиот пандан опсегот се движи од 3-5 оклопни единици), што беше демонстрирано за време на тестирањето. Значи, неколку од овие бомби, практично „со едно трепнување на окото“ можат да ликвидираат цел еден тенковски баталјон непријателска војска, што дава значителна предност на фронтот. Освен кумулативна муниција, оваа бомба може да содржи и специјално проектирани боеви глави БЕТАБ-М за пробивање армирано-бетонски конструкции под кои се крие непријателот или негова борбена техника. Значи, се работи за бомба која навистина има широк спектар на борбена примена.

И тоа не е сè. Руските конструктори планираат да интегрираат и помошен ракетен мотор, што ќе го зголеми ефективниот дострел на оваа бомба за 2-3 пати. Претпоставката е дека многу бргу ќе се појави верзија на авиобомбата „Дрељ“ со долг дострел, со интегриран мотор, што е ѝ овозможи на оваа бомба да уништува цели на растојанија поголеми од 85 километри.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња