Владимир Путин
Сергеј Илин/Kremlin Pool„Денес ќе се одржи состанок со инвеститорите и компаниите кои ја произведуваат вакцината „Спутник Vˮ, им соопшти на новинарите портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков на маргините на Петербуршкиот меѓународен економски форум (ПМЕФ). Тој додаде дека настанот го организира Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ). Според претставникот на Кремљ, на тој состанок преку видеолинк ќе присуствуваат претседателите на Аргентина и Србија. „Тие ќе го означат почетокот на производството на „Спутник V“ во нивните земји“, објасни Песков.
На настанот ќе учествуваат и инвеститорите. Главна тема на состанокот ќе биде решавање на последиците од пандемијата.
„Инвестициската активност не е запрена, и покрај многу сложената (2020) година. Профитот опадна, но сепак од гледна точка на кризната година нивото остана прифатливо. И тоа е многу важно“, смета портпаролот на рускиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче