Американците обелоденија имиња на уште 5 држави-потенцијални купувачи на руските Су-57

Покрај Алжир, Виетнам, Индија, Кина и Турција извозната верзија на рускиот повеќенаменски ловечки авион од петтата генерација може да се најде во составот на воените воздухопловства на уште пет земји кои активно ја модернизираат својата тактичка борбена авијација. Американскиот сајт „Милитари воч“ ги објави имињата на овие земји и даде осврт зошто им е потребен токму „невидливиот“ руски ловец.

Казахстан

Оваа средноазиска држава е член за Организацијата за колективна безбедност на постсоветскиот простор и е сојузник на Москва, која кога станува збор за воено-техничката соработка со Руската Федерација, има определени привилегии. Современите ловечки авиони Су-30СМ кои неодамна му беа испорачани на казахстанското Воено воздухопловство имаа практично производни цени, кои се значително пониски во однос на комерцијалните договори со други земји, пренесува Интернет-порталот РГ.

Военото воздухопловство на Казахстан користи уште два типа тешки повеќенаменски ловечки авиони: Су-27 и МиГ-31. Во перспектива се очекува едно од овие летала во следниот период да биде заменет со нови повеќенаменски ловечки авиони од петтата генерација Су-57, или на некоја од неговите потенцијални варијанти. И покрај фактот што земјата нема проблем со заштитата на својот воздушен простор, животниот век на Су-27 се ближи кон крајот. Значи, Су-57 или модернизираниот Су-30СМ2 се најверојатните опции кога станува збор за нивната замена.

Етиопија

Оваа африканска држава стана еден од првите купувачи на Су-27. Авионите се испорачани пред 30 години за време на војната со Еритреја. Постојаната напнатост во односите со Египет и Судан ја натераа Етиопија да вложи во своето воено воздухопловство и да го држи во подготвена состојба. Со оглед дека по истекот на ресурсите Су-27 ќе биде повлечен од употреба до 2035 година, логична е претпоставката дека следниот авион кој би влегол во вооружувањето на оваа земја би можела да биде извозната модификација на повеќенаменскиот авион од петтата генерација Су-57Е. Ловците од петтата генерација во тој случај би оствариле технолошка супериорност над египетските МиГ-35 и над суданските МиГ-29. А, стабилниот економски раст на Етиопија ќе направи набавката да не го оптовари буџетот.

Египет

Со оглед на тоа што во 2013 година беше сменета прозападната исламистичка власт, Каиро стана еден од главните партнери во светски рамки кога станува збор за набавката на руското оружје: од основните борбени тенкови Т-90 до новите извидувачко-офанзивни Ка-52 „Алигатор“ и далекострелниот систем за ПВО/ПРО С-300В4. Во овој момент се претпоставува дека ќе продолжи со обнова делот на ескадрили со руските повеќенаменски ловци од генерацијата 4++ Су-35, вклучувајќи и набавка на лесни повеќенаменски ловци од истата генерација МиГ-35. Меѓутоа, по воведувањето во авионите од петтата генерација во ВКС на руската армија, постојат реални претпоставки дека Египет ќе започне процес за нивна набавка. Ловците од петтата генерација ќе му обезбедат на Египет значајна предност пред американските Ф-15ЕХ кои има намера да ги набави Израел.

Мјанмар

Во согласност со динамичниот развој на воено-техничката соработка помеѓу Русија и Мјанмар, неодамна амбасадорот на оваа земја во Москва Ко Ко Шеин рече дека неговата земја сериозно е заинтересирана за набавка на ловци од петтата генерација Су-57.

Во овој момент военото воздухопловство на оваа земја се потпира на ловечките авиони од четвртата генерација МиГ-29, меѓутоа тоа не е доволно, па во овој вид вооружени сили се вложуваат големи финансиски средства. Така се нарачани шест тешки повеќенаменски ловци Су-30СМ, а се очекува дека Мјанмар во следната фаза ќе набави дополнителни 6-12 летала од овој тип. Покрај тоа набавени се и современи школско-борбени авиони Јак-130 кои се специјално наменети за обука на пилоти кои летаат на летала од 4+, 4++ и 5 генерација (авиони Су-57).

Со оглед на тоа што Мјанмар е често во судир со западниот свет и со соседен Бангладеш, комплетирањето на ловечките ескадрили со апарати од петтата генерација би можело да биде поисплатливо од купувањето авиони кои спаѓаат во четвртата генерација.

Малезија

Военото воздухопловство на оваа држава во својот состав има два типа руски ловци од четвртата генерација: МиГ-29 и Су-30МКМ. Доколку соседен Сингапур во следниот период набави американски „невидливи“ ловци Ф-35, се очекува дека Малезија нема да стои на страна, ами дека ќе ги зајакне своите воздухопловни сили со нови руски ловци.

Претседателот на владата на оваа држава Махтир Мухамед детално зборуваше за потенцијалните програми за модернизација на малезиското Воено воздухопловство. Според него, се разгледуваат прашањата за замена на ловците од четвртата генерација авиони со следната, петтата генерација. Целиот пакет би можел да се комплетира низ процес на „замена“. Имено, Русија би презела користени авиони за да го олесни купувањето на нови. Можно е да се превооружи една ескадрила Су-30МКМ со нови Су-57 кои имаат сериозни летно-технички предности во однос на американските Ф-35.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња