Министерство за здравство на Русија: Ковид-19 максимално ја забрза појавата на вакцина против сида

Getty Images
Благодарение на технологиите за создавање вакцина против заразната болест Ковид-19 појавата на вакцина против сида е многу близу.

Ова го изјави главниот надворешен стручен соработник на Министерството за здравство на Русија за борба против сида и истовремено шеф на Московскито градски центар за превенција и борба против сидата Алексеј Мазус.

„Со создавањето на новата индустрија на вакцини е направен чекор кон пронаоѓањето вакцина против сида. Постојат работи и многу сериозни разговори за тоа како технологиите кои се применуваат на вакцините можат да бидат во целост достапни и погодни за создавање вакцина против сидата“, рече тој на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Руската вакцина против сида „КомбиВИЧвак“ што ја смислија стручњаците од научниот центар „Вектор“, како што беше обелоденето во декември минатата година, се покажа како многу делотворна во производството на антитела против вирусот и безбедна за пациентите. Стручњаците се уверија во тоа по тестирањето врз доброволци.

Клиничките испитувања на вакцината „КомбиВИЧвак“ ќе бидат продолжени до крајот на оваа година.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња