БМП-1 во 467 гардиски окружен центар за воена обука.
Vitaly V. Kuzmin; wikimedia.orgРаботата за создавање на борбената машина беше иницирана во раните 1960-ти во специјалното конструкторско биро на Челјабинската фабрика под раководство на конструкторотПавел Исаков. Намерата беше да се направи лесно, подвижно и пловечко возило. Беа предложени три варијанти: на тркала, гасеничар и комбинација на тркала и гасеници. Секој модел имаше и предности и недостатоци. Беше избрана варијантата на гасеници.
Борбеното возило на пешадијата доби комплетно нова конструкција на гасениците, во кои подвижните делови не налегнуваат едни врз други како кај тенковите, со што се зголеми работниот век на металот и гумените дихтунзи, така што возилото можеше да помине 8000 километри.
БМП-1 немаше силен оклоп. Можеше да издржи погодок на проектил од 23 мм од растојание од 500 метри, но беше ранлив кога станува збор за непријателски рачни ракетни фрлачи или противтенковски ракетни системи.
Борбеното возило беше вооружено со топ со мазна цевка „Гром“ (2А28) со калибар 73 мм, кој можеше да оневозможи многу стари тенкови на растојание од 500 метри. На поголеми растојанија беше користен противтенковскиот ракетен систем „Маљутка“.
БМП-1 имаше огнено крштевање во четвртата арапско-израелска војна. Се користеше и во Ангола против трупите на Јужноафриканската Република, и во Авганистан. Во последниов случај примената на борбеното возило не беше секогаш успешна, бидејќи поради теренот не беше можно да се гаѓаат цели на високи коти, а тенкиот оклоп на покривот можеше да се пробие со стрелба од митралез.
И покрај своите недостатоци, борбеното возило на пешадијата беше и остана популарно во армијата. Беа направени над 20000 примероци. Многу земји сè уште имаат БМП-1 во својот арсенал, а некои го користат и во вооружени конфликти.
БМП-1АМ „Басурманин“
AV KarpenkoОва борбено возило сè уште се користи и во Русија. Пред извесно време беше презентирана модернизирана варијанта со ознака БМП-1АМ „Басурманин“. Наместо купола со топ со мазна цевка 2А28 „Гром“ со калибар 73 мм, има борбен модул со стабилизирано автоматско орудие 2А72 со калибар 30 мм со подобар, комбиниран нишан. За борба против непријателска оклопна техника се користи противтенковски ракетен систем 9K115 „Метис“. Системот 902В „Туча“ овозможува да се прават маскирни аеросолни завеси. Наместо старата радиостаница Р-123М, инсталирана е нова Р-168-25У-2 со подобрени карактеристики.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче