Илустрација
Министерство за одбрана на РФНамената на овие тешки офанзивни возила на шасија од тенк Т-72Б3 е борба во градски услови. Според зборовите на соговорникот на агенцијата, во моментов се монтираат команден пункт и самите борбени возила со различно вооружување. Меѓу другото, предвидено е да бидат опремени со скратено оружје со мазна цевка со калибар од 125 милиметри.
Оваа варијанта е наменета токму за дејство во град, каде просторот за маневрирање е мошне ограничен. Затоа е важно оружјето многу да не излегува надвор од габаритот на самата платформа. Со кусата цевка се намалува почетната брзина на проектилот, но земајќи предвид дека е наменет за борба на мали растојанија, тоа нема да влијае врз ефикасноста на погодувањето на целта.
Исто така, борбените возила „Штурм“ ќе бидат опремени со рачни ракетни фрлачи „Шмељ“, во двојка со топови со калибар од 30 милиметри и со термобарични наведувачки ракети. Исто така се очекува борбените роботи да имаат можност за заштита од противтенковски борбени средства.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче