Определен број од нив имаа необични конструкторски решенија. Така на пример во Индија на шасијата на основниот борбен тенк Т-72 ја користеа во развој на системот за ПВО со краток дострел Акаш (претставува модификација на советскиот систем за ПВО 2К12 „Куб“ – заб. прев.). Сепак, во крајниот епилог Индијците се премислија и за основна платформа на системот за ПВО Акаш употребија камионско возило на тркала.
Во оваа земја се експериментираше со различни варијанти на тенкови од Нижни Тагил, кои по лиценца беа произведувани во Индија. Се обидуваа да го освојат новото самоодно артилериско оружје во соработка со јужноафриканските инженери, кои имаа многу искуство во оваа сфера. Тие успешно го завршија проектот за развој на јужноафриканските високомобилни самоодни хаубици G6 Rhino – (мак. Носорог/ погон 6х6) која со определени мани се смета за прилично флексибилно оружје.
Моделот што се развиваше во Индија имаше хаубица со калибар од 155 милиметри која со стандардно шрапнелно-разорна граната можеше да ја погоди својата цел на оддалеченост и до 30 илјади метри, додека со активно-реактивен тип артилериска муниција од истиот калибар можеше да стаса на оддалеченост и до 39 илјади метри. Дострелот на директниот оган се наоѓаше во распон од 500 до 3.000 метри, пренесува Интернет-порталот РГ.
Оружјето во борбените дејствија оствари средно темпо на оган од три гранати во минута, додека теориски можеше да испукаат и до осум гранати во минута. Борбениот комплет се состоеше од 40 проектили. Времето на премин од маршова позиција во борбена беше мошне кусо и изнесуваше само 30 секунди.
Кога станува збор за дополнителното вооружување наменето за непосредна одбрана на оружјето на куполата е предвидено вградување митралез со калибар од 7.62 милиметри. Тука исто така се наоѓаа и фрлачи за димни бомби наменети за создавање димна завеса за заштита на самоодната хаубица од дејствието на противничките тенкови/БВП или противтенковски ракетни системи.
Во изворите се наведува дека ова самоодно артилериско оружје може да оствари брзина и до 80 километри на час, иако реалната процена е дека неговата максимална брзина би изнесувала 60-65 километри на час. Резервоарите за гориво беа со капацитет од 1.000 литри. Вкупната маса на оружјето достигнуваше 45 тони, додека екипажот беше составен од четворица војници.
Меѓутоа, на ред дојде тестирањето. За време на тестирањето на перспективното самоодно артилериско оружје кое беше направено на база на советскиот ОБТ Т-72 беа воочени сериозни мани поради кои се откажаа од негов понатамошен развој. Ова пред сè се однесуваше на неговата гломазна појава и недоволните перформанси кога станува збор за подвижноста. Потоа беше направен обид за интеграција на куполата со хаубица со калибар од 155 милиметри на шасијата на индискиот ОБТ Арјун, но ниту овој хибрид не успеа да заживее, така што засега проектот останува замрзнат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче