ВИДЕО: Објавени кадри од тестирање на ново руско оружје

На социјалните мрежи се појави и стана популарно видеото на концернот „Калашников“ од кое се гледа тестирање на нов руски ракетен систем. Неговото име не се соопштува и со самото тоа ги заинтригира корисниците, пишува „Росијскаја газета“.

„Ако ве интересира, тоа е спојлер за голема премиера. Кој може да препознае што најавуваме?“, се вели во написот што оди со видеото на „Калашников“.

Од кадрите се гледа бетонска плоча со дебелина од околу 50-70 см. Освен тоа, метата е зајакната со железен „штитник“ со дебелина од околу 10 см.

Повеќето корисници претпоставуваат дека на социјалните мрежи е објавено тестирање на гаѓање со рачен противтенковски систем од новата генерација. Во прилог на оваа верзија е и прецизната дупка оставена во метата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња