„Во случај на сценариото „сé по старо“ (количината на антропогени гасови на стаклената градина не се намалува), кој засега се одвива (сите индикатори укажуваат на тоа), температурата ќе ја врати планетата околу 35 милиони години наназад“, рече рускиот научник.
Меѓутоа, објасни тој, глобалната температура е само еден од климатските фактори и затоа не треба да се зборува дека на Земјата повторно ќе се појават џиновски носорози.
„Целиот систем би бил поинаков. Вегетацијата би била сосема поинаква и поинаков би бил распоредот на континентите. Тогаш не постоела оваа количина на ледници, различно било нивото на океанот, хемискиот состав на атмосферата бил поинаков“, истакна Чернокуљски.
Како што се наведено на сајтот на Серускиот научноистражувачки геолошки институт, пред 35 милиони години, во епохата на палеоценот, на Земјата се појавиле предците на копитарите, кондилартрите, летечките лемури и торбари, а на полетокот на еоценот настанале многу претставници на современите животински родови, вклучувајќи ги и вишите антропоидни примати. Копнените форми на живот достигнале максимални димензии, се појавиле џиновските носорози. Вистинските коскени риби ги освоиле сите морски и слатководни басени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче