Руската армија наскоро добива нов контингент јуришни хеликоптери Ми-28НМ „Ноќен ловец“

Слободан Ѓукиќ
Се работи за летало кое значително ќе ги зголеми борбените способности на јуришните хеликоптерски ескадрили на Воздушно-космичките сили на руската армија. Леталото е модернизирано според најсовремените стандарди на руската воздухопловна индустрија, каде што како основа беа користени воените искуства од Сирија. Најголемите подобрувања се направени на планот на зголемената зона за откривање на цели (во км), како и можноста за користење на новата генерација ракетно оружје со голем дострел.

До крајот на оваа година на единиците на Воздушно-космичките сили на руската армија ќе им биде испорачан уште еден контингент нови јуришни хеликоптери Ми-28НМ „Ноќен ловец“, пренесува веб-порталот РГ.

„Кон крајот на минатата година, во рамките на потпишаниот договор, на Министерството за одбрана на РФ беше испорачан првиот пар нови јуришни хеликоптери Ми-28НМ. И годинава се очекува продолжение на испораката на модернизираниот „Ноќен ловец“ на единиците на ВКС. Во план е 4-6 вакви хеликоптери да бидат испорачани до крајот на оваа година“, изјави за РИА „Новости“ неименуван извор од рускиот военоиндустриски одбранбен комплекс. Тој додаде дека динамиката на испорака на овие хеликоптери се одвива според претходно утврдените планови.

Во однос на основната верзија на „Ноќниот ловец“, кај новото летало е двојно зголемена зоната на откривање цели и подобрени се неговите маневарски способности, интегриран е посилен мотор и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел и пробојност.

 

Еден од новитетите е верзијата на ракетата од класата „воздух-земја“  „Хризантема“ која со висок степен на прецизност може да далечини поголеми од 6000 метри да уништи точкеста цел. Нејзината боева глава може да пробие речиси 1,2 метри хомоген оклоп. Исто така, тука е и ракетата „Хермес-А“ со ефективен дострел од 25 км. Ракетата може да се користи во сите услови, без оглед на времето и метеоролошката ситуација. Нејзината основна намена е хируршки прецизно да уништи широк спектар копнени цели кои се наоѓаат на големи далечини. Поради својата силна боева глава ракетата може ефикасно да се употреби против армирано-бетонски објекти кои непријателот ги користи за прикривање, како и неговата оклопна борбена техника. Се претпоставува дека ракетата ќе има суперсонична крстосувачка брзина и дека ќе има пробојност од рангот на ракетите „Атака“ или „Хризантема“.

Руската армија планира до крајот на 2027 година да набави 98 модернизирани јуришни хеликоптери Ми-28НМ.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња