Во Русија почна тестирањето на нова ракета што ќе ја користат јуришниците и ударните хеликоптери

Десантно-јуришни хеликоптери Ми-35М од составот на Војската на Србија

Десантно-јуришни хеликоптери Ми-35М од составот на Војската на Србија

Министерство за одбрана на Република Србија / Војска на Србија
Како што соопшти директорот за производство на концернот „Техмаш“ Александар Кошкин, ракетата „Монолит“ ќе се произведува во калибар 122 мм и, како што се претпоставува, ќе има способност да уништува различни копнени цели со висок степен на прецизност. Ракетата во стручните кругови се класифицира како високопрецизна, а нејзините подетални тактичко-технички карактеристики во моментов се воена тајна.

„Развојот на наведуваната ракета „Монолит“ се одвива според утврдената динамика. Во овој момент проектот е во фаза на изработка на техничкиот дизајн на самиот проектил, а се спроведуваат и тестови на макети со цел да се прецизираат неговите основни конструкциски и технички карактеристики“, изјави Кочкин за веб-порталот РИА „Новости“.

Според раководителот на концернот „Техмаш“, прашањата поврзани со опитно-конструкторските работи, роковите за нејзино завршување и изворите на финансирање ќе бидат разгледани со нарачателот на работите по добивањето на првите резултати од тековното тестирање. Во моментов е рано да се зборува за датумот кога би можела да започне последната фаза на државните тестирања, што претставува последна фаза пред сериското производство и воведувањето во оперативното вооружување на руската армија, пренесува веб-порталот РГ.

„Монолит“ претставува наведувана ракета која спаѓа во класата на високопрецизното оружје. Тоа е воздухопловна ракета со калибар 122 мм. Таа претставува понатамошен развој на ракетата „Бронебојшчик“, која според воената индустрија треба да ги замени ненаведуваните ракети С-8 со калибар 80 мм. Од неа ќе се разликува така што ќе има поголем ефективен дострел како и разорна моќ на боевата глава. Инаку, станува збор за ракети кои се незаменлив дел од вооружувањето на борбените хеликоптери (Ми-8АМТШ, Ми-35М, Ми-28Н, Ка-52) и јуришниците Су-25.

Што се однесува до ракетите „Бронебојшчик“ и „Монолит“, тие ќе ги заменат ненаведуваните ракети С-8 и С-13. Тие ќе можат да се интегрираат на постојните летечки платформи (хеликоптери и јуришни бомбардери) по инсталацијата на специјална опрема (напаѓачко-навигациски систем) што ќе управува со овие ракети. Треба да се истакне дека станува збор за наведувани проектили.

Она што е исто така многу важно е финансискиот аспект на целата приказна. Поточно, новите високопрецизни ракети со нема да бидат поскапи од постојните ракети С-8 и С-13.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња