ВИДЕО: Во Владивосток одбележана 290-годишнината на Тихоокеанската флота

Свеченото подигање на знамето на Русија и Андреевското знаме се случи на воениот кеј №33 во Владивосток во чест на 290-годишнината од формирањето на Тихоокеанската флота (ТОФ), изјави извор од местото на настанот.

На 21 мај се одбележува Денот на пацифичката флота. Пред 290 години, за време на владеењето на Ана Ивановна, Сенатот го основа Охотското воено пристаниште - првата постојана военопоморска единица на Русија на Далечниот Исток. Тоа се смета за првата фаза во раѓањето на Воената морнарицата во регионот, која подоцна се трансформира во Тихоокеанска флота, пишува „Взгљад“.

Церемонијата на кревање на знамето се одржа во 8 часот по локално време. Во чест на годишнината од флотата, знамињата беа подигнати на закотвените воени бродови, како и на бродот-музеј „Црвено знаменце“ и спомен-подморницата С-56, пренесува ТАСС.

Во 2020 година Тихоокеанската флота беше прогласена по четврти пат по ред за најдобра оперативно-стратешка формација на Воената морнарица во однос на борбената обука.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња