Русија е единствената држава што ги пренесува своите технологии за производство на вакцини против коронавирусна инфекција. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, пишува ТВ „Ѕвезда“.
„Русија е единствената држава што ги пренесува своите технологии за вакцини. Сега се разгледува можноста за распоредување на такви производства во Ерменија и Киргистан“, рече тој преку видео-врска.
Шефот на руската држава потенцираше дека со оглед на тешкиот период на пандемија на коронавирусот, Руската Федерација е убедена во важноста на соработката во областа на безбедноста на лековите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче