Русија ја одобри вакцината „Спутник V“ произведена во Србија!

Cover Images/Keystone Press Agency/Global Look Press
Рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ во Белград и одобри во иднина во овој српски институт да се произведува вакцината против коронавирус „Спутник V“.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ја произведува вакцината „Спутник V“, беше соопштено на состанокот што денеска во Москва го одржаа министерот во Владата на Србија и претседател на Мешовитиот комитет за соработка со Русија Ненад Поповиќ и директорот на институтот „Гамалеја“ Александар Гинцбург, пренесува новинската агенција „Спутник“.

Министерот Поповиќ потсети дека сериите за валидација на вакцината од „Торлак“ беа испратени за тестирање на Институтот „Гамалеја“ минатиот месец.

„Институтот „Гамалеја“ потврди дека вакцините произведени во „Торлак“ ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет. Денес од нашите руски партнери ја добивме таа потврда и добивме одобрение да продолжиме со производството“, истакна Поповиќ, а се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

Поповиќ исто така рече дека тоа е одлична вест за Србија, која повторно ќе стане сила во производството на вакцини.

„Тоа е денес како да го имате најмоќното оружје со кое ја штитите безбедноста на своите граѓани“, истакна министерот.

Тој посочи дека во следните две недели очекува од Русија да пристигне во Србија значително количество супстанција за производство на двете компоненти на вакцината „Спутник V“.

„Многу брзо Србија ќе има доволно вакцини за целосно да ги покрие своите внатрешни потреби, а со претседателот Александар Вучиќ ќе разговараме за тоа каде да испратиме вакцини надвор од Србија за да им дадеме помош на нашите партнери во регионот и Европа во борбата против коронавирусот“, рече Поповиќ.

Тој им се заблагодари на претседателот Вучиќ за поддршката во овој важен проект за Србија, целата влада, Институтот „Торлак“, неговото раководство и вработените, како и на сите други кои веруваа дека ќе дојде овој момент и дека Србија, со помош на руските браќа, ќе произведува на својата територија вакцини против коронавирус.

Директорот на Институтот „Гамалеја“ Александар Гинцбург изрази задоволство од одобрувањето на сериите за валидација на вакцините произведени во „Торлак“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња