КОВИД-19: Првата серија на вакцината „АстраЗенека“ од руско производство се очекува летово

Keystone Press Agency/Global Look Press

Руската фармацевтска компанија „Р-Фарм“ планира да ја произведе во јуни првата серија на вакцината против коронавирус под лиценца на Универзитетот во Оксфорд и „АстраЗенека“, соопштува новинската агенција РИА „Новости“.

„Целокупната количина што ќе се произведува во Русија во нашите производствени погони – а тоа е неколку стотици илјади дози вакцина месечно - ќе бидат наменети за извоз“, изјави Василиј Игнатјев, извршен директор на компанијата.

Договорот за производство на вакцината на територијата на Русија беше потпишан во јули 2020 година. Тогаш претседателот на Управниот одбор на компанијата „Р-Фарм“ Алексеј Репик изјави дека Русија во рамките на партнерството ќе дејствува како центар за дистрибуција на вакцината во 30-50 земји.

Русија во август минатата година ја регистрираше својата прва вакцина против коронавирус „Спутник V“, развиена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“. Неодамна беше регистрирана и нова вакцина за извоз „Спутник Лајт“. Заедно со нив, Русија има уште две други вакцини против коронавирус - тоа се „ЕпиВакКорона“ (на Центарот „Вектор“) и „КовиВак“ (на Центарот „Чумаков“).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња