Русија прогласенa за светски лидер според бројот на тенкови

MOD Russia/via Globallookpress.com
Aмериканско гласило направи ранг-листа на водечките тенковски држaви на чиј врв се наоѓа Русија. „Русија со околу 13000 тенкови е вистинска кралица на светот!“

Како што пишува 19FortyFive, според податоците на британскиот воен советник Николас Драмонд, денес во вооружувањето на разни земји, сто години откако првите тенкови зедоа учество во борбени дејствија, се наоѓаат вкупно 73000 тенкови.

Како што се наведува во текстот, повеќето извори се согласуваат дека Русија со околу 13000 тенкови е вистинска кралица на светот. Исто така се истакнува дека значителен дел тенкови Т-80 и Т-72 се наоѓаат во резерва. Меѓутоа, Русија во случај на потреба би можела да распореди „огромни тенковски сили“.

На второто место на ранг-листата на земји кои располагаат со најголем број тенкови е Северна Кореја. Таа во својот арсенал има 6145 тенкови. Според мислењето на авторот на текстот, во овој случај се работи за „тигар од хартија“, затоа што станува збор за прилично застарена техника, вклучувајќи Т-54/55 и Т-34, иако Пјонгјанг наведува дека има и напредни модели во својот арсенал.

САД со околу 6100 тенкови се наоѓаат само на третото место. Како што пишува 19FortyFive, основата на американските оклопни сили ја сочинува М1 „Абрамс“, кој во моментов се модернизира. Ова возило се смета за тенковска класика.

Индија е на четвртото место на ранг-листата. Во својот арсенал има 4730 тенкови, меѓу кои голем број Т-72 и Т-90. Меѓутоа, во случај на војна, за поддршка на тенковите Индија би можела да употреби и околу 8700 единици друга оклопна техника и 235 САУ.

Гласилото како зачудувачки факт го истакнува тоа што на петтото место на ранг-листата се наоѓа Сирија, која во своето вооружување има 3740 тенкови. Меѓутоа, во овој момент, сигурно не е познато колку точно тенкови би можеле да се употребат по долгогодишното војување. Покрај тоа, многу возила се, како што се наведува, и застарени.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња