Шојгу: Руската војска ја обучува локалното население во степите и тајгите

Николај Гингазов/Russian Look/Global Look Press
Автохтоното население од просторите тешки за живот како што е република Тува им помага на руските војници. Како што изјави Шојгу, и покрај тоа што во војската има исклучителни стручњаци, сите детали и финеси на животот и преживувањето во оддалечените предели на тајгите ги знае само локалното население.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека во руската војска постојат специјални програми за собирање и синтеза на животното искуство на одделни народи, пренесува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.

Министерот Шојгу рече дека автохтоното население од просторите тешки за живот како што е Република Тува им помага на руските војници. Како што нагласи тој, и покрај фактот што во војската има исклучителни стручњаци, сите детали и финеси на животот и преживувањето во оддалечените предели на тајгите ги знае само локалното население.

На крајот од експедицијата во Тува, војниците на силите за специјална намена и екипа на телевизиската станица „Звезда“ го посетија домот на шумските чувари, кои комуницираат преку радиостаници, одат по снегот на скии, се капат во парна бања.

Стручњакот за лов и раководител на одделението за заштита на дивите животни и водните биолошки ресурси Бујан Кара-Сала, кој ја придружуваше експедицијата, ја покажа пекарницата покрај ловечкиот дом во која се прават леб и печива. Војниците и локалното население имаат можност да научат многу едни од други и да споделат искуства.

„Сепак постојат финеси. И тие учат од нас, и ние од нив. Ја видовме опремата и техниката, има што да се научи“, рече Кара-Сала.

Туванците имаат богато искуство на живеење во тајгата, а во Министерството за одбрана се работи на програма за собирање и синтетизирање на такво искуство.

„Отворивме специјални центри, и тоа не само центри за преживување, туку и за нормален живот. Повеќето од оние што живеат во тајгата, степите, на планините, не преживуваат, туку живеат нормално, со полни гради. Во секој случај, познавам многу такви луѓе, се потрудив да ги поканам да ги учат нашите момци. Ги викаат староверци, но тие имаат, мора да го кажам тоа, неверојатно животно искуство, претприемчиви се и проникливи. Умеат да направат и дрвена куќа и парна бања, и да сеат, да уловат, и да подготват и да дресираат коњи“, рече Шојгу.

Во емисијата на телевизиската станица „Ѕвезда“ „Десант во Тува“ се прикажани уникатни вежби на силите за специјални операции. Во навеви до гради и мочуришта покриени со снег, офицерите на Арктичката специјална единица на Министерството за одбрана на РФ ја тестираа подготвеноста за решавање посебни задачи во услови на студ и планински терен.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња