Руската армија доби контингент модернизирани самоодни хаубици 2С3М „Акација“

Модернизираното оружје доби нов автоматизиран систем за контрола на огнот. Благодарение на специјалните компјутеризирани уреди и системот за сателитска навигација, значително се зголемија можностите на орудието кога станува збор за уништување на непријателски цели, како и способноста да се избегне возвратен оган, т.е. контрабатирање.

Како што пренесува веб-порталот ТАСС, модернизираната самоодна хаубица добила нови уреди за врска, додека нејзините главни системи се во целост автоматизирани. Самоодната хаубица е целосно опремена со резервни делови, алат и прибор, што значително ќе ја поедностави нејзината експлоатација во теренски услови.

Неодамна беше соопштено дека модернизираното оружје добило нов автоматизиран систем за контрола на огнот. Благодарение на специјалните компјутеризирани уреди и системот за сателитска навигација, значително се зголемија можностите на оружјето кога станува збор за уништување на непријателски цели и способноста за избегнување на возвратен оган (контрабатирање), пренесува веб-порталот РГ.

Максималниот дострел на активно-реактивната граната изнесува 25,5 км. Можно е да се употребува и наведувана муниција која се насочува врз целта со помош на ласерски зрак (високопрецизна муниција „Краснопол“)1. Максималната брзина на модернизираната самоодна хаубица на пат е до 60 км/ч. Орудието е тешко 27 тони, додека екипажот се состои од 4 лица.

2С3 „Акација“ претставува советска самоодечка хаубица со калибар од 152 милиметри. Развиена е во Уралскиот машински завод. Основната намена на оваа хаубица е уништување на живата сила, артилериски и минофрлачки батерии, ракетни системи, тенкови, командни пунктови, средства кои можат да испукуваат тактички нуклеарни проектили. Максималниот дострел на овие хаубици со класичен проектил е околу 17 километри, додека со реактивна граната се постигнува дострел и до 25 километри. Борбениот комплет се состои од 46 гранати. Темпото на огнот од оваа хаубица изнесува четири гранати во минута.

Во Сирија е забележано дејство на оваа хаубица во координација со извиднички беспилотни летала кои со ласерски зрак го наведуваат артилерискиот оган. Според руските воени експерти, резултатите што се добиени со ваквиот начин на содејство, со помош на беспилотни апарати, ја зголемиле ефикасноста на самоодечките хаубици „Акација“ за речиси 40% и се приближила до денешните борбени стандарди кои се поставуваат пред оружјето од овој тип.

Руската воена индустрија на база на овие хаубици направи неколку сериозни пакети за модернизација кои значајно се приближуваат до можностите на современите хаубици. Така настанаа нејзините модификации 2С3М, 2С3М1, 2С3М2. Последната верзија во која е интегриран автоматизиран систем за управување со оган 1В514-1 „Механизатор-М“, обезбедува услови кои ги наметнува современото боиште. Покрај овој капитален елемент, руските конструктори планираат и замена на основниот топ (стандард 2С3М3) кој ќе обезбеди зголемен дострел на ова оружје приближно на ниво на хаубицата „Мста-С“. Станува збор за хаубица со поголема должина на цевката (39 милиметри калибар) модел 2А33-М со дострел од 25 километри во чиј борбен комплет се наоѓа и високопрецизната муниција „Краснопол“.

1 „Краснопол“ е артилериски проектил со висока прецизност опремен со разорно-фрагментарен тип боева глава. Развиен е од Конструкторското буро од Тула (Конструкторское бюро приборостроения). Сериското производство на проектилот се реализира во компанијата ОАО „Ижмаш“. Се произведува во два калибра - 152 и 155мм (извозна верзија). Ефективниот дострел на проектилот е до 25 км. Рамковната цена за модернизираната верзија на проектилот со ознака „Краснопол-М“ е 35 илјади американски долари.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња