Американски експерти сметаат дека Москва би се одбранила во случај на нуклеарна војна?

Според веб-порталот „Национален Интерес“ (National Interest), руските конструктори интензивно работат на изградба на систем за противракетна одбрана од нова генерација со цел одбрана на својот главен град. Станува збор за системот што носи ознака А-235. Неговата задача е да ги неутрализира сите недостатоци на ПРО-системот од претходната генерација, особено кога станува збор за борба со хиперсонични проектили.

Москва би можела да стане најзаштитениот град во случај на нуклеарна војна, изјави експертот на американскиот сајт „Национален Интерес“ Кејлеб Андерсон. Тој ја поткрепува оваа своја оцена со фактот дека руската армија интензивно работи на изградбата на систем за противракетна одбрана со цел одбрана на својот главен град. Станува збор за системот што носи ознака А-235. Неговата задача е да ги неутрализира сите недостатоци на ПРО-системот од претходната генерација, особено кога станува збор за борба со хиперсонични проектили, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Ларсон напоменува дека далечната 1972 година меѓу СССР и САД е потпишан Договорот за ограничување на системите за ПРО, според кој бројот на такви системи во секоја држава-потписничка е намален на два основни. Еден од тие системи имаше задача да ги штити позициите со интерконтинентални балистички проектили, а вториот - да го брани главниот град, што во случајот на СССР беше Москва. Покрај тоа, страните-потписнички се договорија да го намалат бројот на лансирни единици и го ограничија понатамошниот развој на технологијата во таа сфера.

Тие 1970 години Москва ја штитеше ПРО-системот А-135 „Амур“¹. Неговата ракета можеше да погоди непријателска цел на голема висина, намалувајќи го ризикот од самата нуклеарна експлозија и нејзините последици. Меѓутоа, според извештаите на ЦИА, овој систем не можеше да ги покрие сите ракетни коридори преку кои САД можеа да удрат по СССР, ниту пак беше имун на дејството на директна нуклеарна експлозија.

Пред 25 години Русија успеа да ја модернизира ПРО на главниот град и покрај тешката материјална состојба. Противракетната одбрана на градот сега не се потпира исклучиво на фиксирани подземни армирано-бетонски силоси, туку на самоодни средства на кои има ракети. Исто така, американскиот експерт укажува дека руските конструктори работат на усовршување на прецизноста на овие проектили каде што нуклеарните боеви глави би можеле да бидат заменети со конвенционални.

_____________________________________________

¹За непосредна одбрана на градот Москва од нуклеарен удар е задолжен противракетниот комплекс А-135 „Амур“, конструиран уште во 1970-тите години. Во неговиот состав влегуваат радарската станица со голем опсег „Дон-2Н“ која се наоѓа во Софрино, командниот пункт во Пушкин и неколку дивизиони распоредени на најважните ракетни коридори од каде што може да дојде до нуклеарен напад. Овие дивизиони се вооружени со специјални ракети „пресретнувачи“ со краток дострел 53T6 (НАТО-кодификација „Gazelle“). Оваа ракета според техничката спецификација може да пресретне и уништи балистички објекти на растојанија до 100 км, додека зоната на уништување на целта по висина е околу 30 км*.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња