Рускиот „Торнадо-С“ првпат добива високопрецизна артилериска ракета со калибар 300 мм

Новата ракета со голем дострел ќе има двоканална самонаведувана боева глава која ќе биде засилена и со полуактивен систем што ќе се насочува кон ласерскиот зрак. Според производителот, ракетата ќе мора со висок степен на прецизност да погодува важни цели кои се карактеризираат со мали димензии и висок степен на заштита, како што се командни места, комуникациски јазли и други сегменти кои се важни во системот на условниот непријател. Исто така, новата ракета ќе може да уништува цели што емитуваат мал контраст, вклучително и подвижни објекти, што во голема мера зависи од временските услови и времето од денот кога ќе се применува проектилот.

За повеќецевниот ракетен лансер „Торнадо-С“ се развива првата високопрецизна наведувана ракета со калибар 300 мм, која ќе носи самостојно наведувана боева глава:

„Самонаведуваната боева глава ќе има два канала на наведување: преку тв-камера и термовизиски канал. При наведувањето врз целта ракетата може да користи и полуактивен ласерски систем“, изјави извор за веб-порталот РИА „Новости“ од рускиот военоиндустриски комплекс. Тој додаде дека ова е прв случај артилериска ракета развиена за овој систем да добие самонаведувана боева глава. Неколку типови вакви проектили се опремени со инерцијално-сателитски систем за навигација, меѓутоа постоењето на самонаведувана боева глава не е забележано, пренесува веб-порталот РГ.

Во блиска иднина ќе започне тестирањето на новиот систем за наведување артилериски ракети со калибар 300 мм. Според производителот, ракетата ќе мора со висок степен на прецизност да погодува важни цели кои се карактеризираат со мали димензии и висок степен на заштита, како што се командни места, комуникациски јазли и други сегменти кои се важни во системот на условниот непријател. Исто така, новата ракета ќе може да уништува цели што емитуваат мал контраст, вклучително и подвижни објекти, што во голема мера зависи од временските услови и времето од денот кога ќе се применува проектилот.

„Торнадо-С“ претставува длабока модернизација на ПРЛ „Смерч“ со калибар 300 мм. Главниот новитет имплементиран на овој систем, а кој неговиот претходник го немаше, е автоматизираниот систем за управување со огнот. Лансирната единица добива информација за целите преку заштитени канали за врска, според која компјутерот ги пресметува сите потребни балистички параметри и автоматски го насочува огнот врз целта.

Овој систем може и самостојно да ги открива своите цели. За таа цел, за него е развиена специјална ракета 9M534, која во себе има беспилотно извидувачко летало. Оваа ракета со интегриран дрон може да одлета на растојание од неколку десетици километри, од каде што во реално време испраќа податоци до командниот пункт врз основа на кои веднаш се внесуваат новите елементи за стрелба. За 20 минути лет беспилотното летало може детално да пребара подрачје со површина од 25 км квадратни.

Покрај овој новитет, во борбениот арсенал на ПРЛ „Торнадо-С“ ќе се наоѓа и високопрецизна ракетна муниција. Ова ќе овозможи една лансирна единица истовремено да нападне и до осум различни цели. Треба да се нагласи дека дострелот на ова орудие значително е зголемен во однос на ПРЛ „Смерч“ и дека наместо 90 км сега изнесува 120 км. Во перспектива се планира ракетите лансирани од ова орудие да остварат ефективен дострел и до 200 км.

Подобрени се и многу функции кои се однесуваат на брзината на премин од маршовска во борбена позиција и обратно, а значително е скратено и времето на полнење на орудието со нови ракети. Екипажот кој го опслужува орудието се состои од тројца војници кои при дејствувањето не мораат да го напуштаат борбеното лансирно средство.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња