Воената парада во центарот на Москва по повод Денот на Победата: Најспектакуларните фотографии

Владимир Астапкович/Sputnik
И покрај лошите временски услови, на 9 мај на Црвениот плоштад се одржа воена парада по повод одбележувањето на 76-годишнината од крајот на Втората светска војна.

1. Ветеран на воената парада на Црвениот плоштад одржана по повод 76 годишнина од победата во Втората светска војна.

2. Преку 12,5 илјади војници во придружба на 200 единици воена техника поминаа на 9 мај по улиците во центарот на Москва до Црвениот плоштад во рамките на прославата на 76-годишнината од завршувањето на Втората светска војна.

3. Традиционално церемонијата ја почнува тнр. Претседателски полк, марширајќи пред воените лица и почесните гости кои се наоѓаат до Владимир Путин.

4. Руски војници маршираат на Црвениот плоштад во советски униформи од Втората светска војна со автомати ППШ.

5. По нив следеа илјадници припадници на копнените сили во свечени униформи со најновите руски јуришни пушки АК-12.

6. Дамите кои ја бранат Татковината исто така им се приклучија на трупите на Црвениот плоштад. Дури 400 жени-војници маршираа следени од најсовремени руски воени возила.

7. Козаците годинава исто така испратија свои претставници на прославата на 76-годишнината од крајот на Втората светска војна.

8. Меѓу руски војници се смета за чест да бидат дел од воената парада по повод свечената годишнина. Секој војник што ќе маршира на Црвениот плоштад на овој ден добива медал, недела дена одмор, како и дополнителен бонус со платата.

9. T-34, легендарниот тенк кој го сврте текот на Втората светска војна, традиционално ја отвара парадата. Овие потполно функционални ретро борбени машини можат да се видат (па дури и да се повозат) во Паркот „Патриот“ во близина на Москва.

10. Најновиот руски тежок повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 „Тосочка“. Ова оружје испукува термобарички ракети кои го користат кислородот од околината за создавање висока температура и експлозија. Проектирани се да горат и уништуваат згради и онеспособуваат лесно вооружени возила.

11. Најновата модификација на руските тенкови T-72Б3 со систем за динамична заштита „Реликт“ на бочните страни, куполата и трупот, што ги прави споредливи со тенкот Т-14 „Армата“ од новата генерација. Русија сака да покаже дека „кожата“ на стариот советски ѕвер станала подебела и дека може да издржи напади на модерно оружје.

12. Овој стратешки ракетен систем РС-24 „Јарс“ наоружан со интерконтинентални балистички ракети носи товар од 10 тони, што значи дека може да смести 15 интерконтинентални балистички ракети, од кои секоја има моќност од 150 до 300 килотони. 

13. Руски тешки транспортни хеликоптери Ми-26 летаат преку Црвениот плоштад. Со овие „птици“ управуваат како воени, така и цивилни пилоти. Се работи за најголемиот и најмоќниот хеликоптер во сериско производство.

14. Ловците Су-24 се суперсонични офанзивни летала за сите временски прилики проектирано во Советскиот Сојуз. Авионот има променлива геометрија на крилата, двојни мотори и седишта за двочлен екипаж распоредени едно до друго.

15. Рускиот тим на акробатски пилоти „Руски витези“ традиционално го испишува руското знаме на небото над Москва означувајќи го крајот на воената парада.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња