За необичниот мотоцикл пишува британскиот портал за мотоциклизам Visor Down. Во англискиот текст називот на моторот е пренесен како Hamyak.
Тежок 85 килограми, „Хомјак“ има мотор со волумен од 150 кубни сантиметри од кинески скутер. Има една гасеница од моторна санка. Нема волан за управување, туку за свртување на ситниот мотоцикл е потребно да го навалите настрана или да го подигнете предниот дел и да ги свртите гасениците. Според пронаоѓачот, тоа е релативно лесно да се изведе на снег или на песок, додека на асфалт е потешко, но сепак можно.
Максималната брзина на гасеничниот мотоцикл е 43 километри на час, но неговиот носечки дел функционира подобро на брзини до 20 километри на час. Резервоарот може да прими доволно гориво за 10 часа возење, а покрај тоа, „Хомјак“ има и резервен канистер од 5 литри. На предниот и задниот дел на овој теренски мотоцикл има држачи за опрема. Пронаоѓачот држи сајла од 15 метри, секира, склоплива пила, батериска лампа, компас и термос на нив.
„Хомјак“ не е наменет за патишта за општа намена. Во однос на димензиите повеќе потсетува на детски мотор и затоа до неуреден терен лесно може да се пренесе во багажник.
„Душкало“ – најмалото руско теренско возило
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче