Ова го соопшти одделението за информирање на Црноморската флота на руската Воена морнарица.
Според податоците на прес-службата, руските радари на 11 мај над неутралните води на Црното море ја пресекле траекторијата на воздушните цели кои се приближуваа на руската граница.
„Заради идентификација и спречување на нарушување на границата полета ловец Су-30. Екипажот на рускиот ловец ги идентификуваше воздушните цели како два авиона на тактичката авијација Mirage 2000 и еден авион-танкер C-135 на Военото воздухопловство на Франција и ги испрати над Црното море“, соопшти прес-службата, пренесува РИА „Новости“.
Исто така, се наведува дека руската граница не беше нарушена.
Јужниот воен округ исто така додава дека летот на рускиот авион е реализиран согласно меѓународните правила.
Претходно Су-30 на Јужниот воен округ над Црното море пресретна три авиони на американското и француското воздухопловство кои се приближуваа до границата на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче