На воената парада на Денот на Победата првпат ќе го видиме новото борбено средство „Тајфун-ПВО“

Министерство за одбрана на РФ
Најновата руска оклопна борбена техника, вклучувајќи ги и легендарните тенкови од времето на Втората светска војна, учествуваа во генералната проба за Парадата на Победата. Во механизираната колона што протатна по Црвениот плоштад, беа вклучени над 190 модели на различна борбена техника. Првпат на парадата ќе учествува и новото оклопно средство наменето за заштита од воздушниот простор „Тајфун-ПВО“.

„Тајфун-ПВО“ има погон 4х4, што му дава зголемена проодност. Автомобилот е заштитен со комбинирана оклопна заштита, која ќе се состои од комбинација на челик и керамика. Севкупно, „Тајфун-ПВО“ значително ќе влијае на зголемувањето на заштитата на персоналот кои во своето вооружување должат ЛПРС, но и на нивната мобилност. Комбинираниот оклоп (челик + керамика) го штити екипажот од панцирно-запаливи зрна со калибар 7,62х54 R. Исто така, зајакнатиот под на возилото обезбедува заштита од нагазна противтенковска мина и импровизирани средства еквивалентни на 8 кг ТНТ. Ова возило за прв пат беше претставено во октомври 2015 година за време на одбележувањето на Денот на иновациите во Јужниот воен округ. Во внатрешноста на оклопното тело има 10 удобни седишта за екипажот и десантната пешадија. Неговата носивост изнесува 2000 кг. Моторот што го придвижува возилото генерира 350 коњски сили, што му овозможува да достигне брзина од 105 км/час.

Механизираната колона што ќе учествува на големата воена парада по повод Денот на Победата беше предводена од легендарниот тенк Т-34, кој многумина го сметаат за најдобриот тенк на Втората светска војна, кога севкупно ќе се земат неговата огнена моќ, оклопната заштита, подвижноста и едноставноста во експлоатацијата. Во колоната можеа да се видат најсовремените производи на познатата руска тенковска школа, како што се основните борбени тенкови Т-90М „Пробој“ и основниот борбен тенк од новата генерација Т-14 „Армата“, борбеното возило на пешадијата „Курганец“ и самоодната артилериска хаубица 2С35 „Коалиција-СВ“. Покрај нив, можеше да се забележи и модернизацијата на основниот борбен тенк Т-72 - Т-72Б3М, вклучувајќи ја и модернизацијата на основниот борбен тенк Т-80 со ознака Т-80БВМ, пренесува rg.ru.

Исто така, можеше да се видат и оперативно-тактички ракетни системи „Искандер-М“, ракетни ПВО-средства со среден и краток дострел „Бук-М3“ и „Тор-М2“. На генералната проба на парадата можевме да ги видиме хибридниот ракетно-топовски ПВО-систем 96К6 Панцир-С и ПВО/ПРО-системот со долг дострел С-400 „Триумф“. На Црвениот плоштад видовме и самоодно возило со интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“.

Патем, копнениот сегмент на воената парада ќе се состои од 37 парадни ешалони во кои учествуваат над 12 илјади војници.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња